Бајовски: Рамномерен развој и инвестирање во сите населени места во Општина Чучер Сандево

August 27, 2025
3 mins read

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори за првпат излегува со свој кандидат за градоначаник во Општина Чучер Сандево. Колку ова го чувствувате како притисок или пак мотивација?

Бајовски: Кандидатурата не ја чувствувам како притисок. Туку како предизвик и мотив. Во минатото ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за локални избори. Мислам дека предизвикот и голем и заедно со Владата може да направиме многу за нашата општина.

На терен сте со граѓаните во повеќе населени места во рамки на општината, со какви проблеми се соочуваат, што истакнуваат како најпотребно?

Бајовски: Ова лето беше потешко за Чучер Сандево бидејќи имаше голем пожар на почетокот од јули и тука се јави потребата од формирање на противпожарно друштво. Како иден градоначалник би посветил внимание на формирање на доброволно противпожарно друштво за да може брзо да се интервенира при пожари. Втор голем проблем кој се јави ова лето е недостаток на вода за пиење. Еден од најголемите предизвици во делот на животна средина и екологија ќе биде тоа што немаме пречистителни станици за фекална канализација, односно има една која повеќе од пет години не функционира. Делот за програмата најмногу ја црпиме од граѓаните, односно од нивните потреби.  Долгогодишна потреба на сите граѓани на Чучер Сандево е спортска сала. Во моментов работиме на финансиска конструкција за околу 4.000 метри квадратни што ќе биде прва спортска сала во Чучер Сандево и правиме напори да се овозможи реализација.

Какви проекти ќе им понудите во програмата?

Бајовски: Тоа што сакам да го понудам е рамномерен распоред на финансиски средства, инвестиции и проекти во сите населени места. Чучер Сандево има 14 населени места и пет викенд населби. Во населените места предизвикот е што тие се распространети. Од некои места одалеченоста е 40 километри. Имаме голем број на локални патишта кои треба да се реконструираат, да се изградат на ново. Има населени места кои воопшто немаат локални патишта. Треба рамномерно да се инвестира во сите населени места.

Заеднички со сите жители тоа би било план за инфраструктурен развој и модернизација на самата општина?

Бајовски: Скопска Црна Гора како планина на која се наоѓа Чучер Сандево како општина има неискористени туристички потенцијал. Мора да се посветиме на развојот на туризмот, на селскиот и етно туризам, на планински туризам. Пешачки и планинарски патеки, велосипедизам. Имаме потенцијал во верскиот туризам, имаме околу 46 цркви и манастири во Скопска Црна Гора од кои дел потекнуваат од 13 век, византиска уметност. Тој потенцијал во моментов не е искористен.

Ќе понудиме и социјализација за сите генерации. Имаме две пензионерски здруженија на територија на Чучер Сандево. Но, потребите не се само за пензионерите. Ќе посветиме внимание и на децата по посебни потреби и со ретки болести. Во делот на културата, во моментов Чучер Сандево има два културни настани. Едниот е Сандево фест, вториот е Денови на виното и ракијата. Идејата е да прерасне во еден саем на кој ќе може не само домашни вина и ракија, туку да се изложат и повеќе домашни производи.

Работиме на проекти за набавка на повеќе комунални возила. Три- четири возила, ќе видиме финансирањето како ќе се одвива. Треба да се модернизира и во делот на начинот на финансирање на Комуналното претпријатие бидејќи сега има потешкотии и на вработените, колку што имам јас информации, им доцнат и по неколку месеци плати. Во тој дел имаме јасен план и јасна стратегија како треба да функционира комуналното претпријатие, односно Општината да биде таа што ќе го финансира во делот на сработеното.

Каква соработка ќе имате со бизнис заедницата и дали можеби се планира проширување на индустриската зона Стенковец?

Бајовски: Во разговори со одреден број на бизнисмени, Чучер Сандево треба да формира бизнис совет, односно да ги собереме сите бизнисмени кои имаат фирми на територија на Чучер Сандево, но и малите микростопанства кои се да бидат вклучени во тој дел. Движечка сила во економскиот дел на Чучер Сандево треба да биде Стенковец кој според мене треба да се ограничи во кој дел што треба и како да се гради, за плански да биде направено и да им олесниме на инвеститорите полесно да дојдат во градежни дозволи во Општина Чучер Сандево. Во делот на економскиот развој, потенцијалот на Чучер Сандево е голем, со самиот факт што во иднина ќе се гради автопатот Скопје-Блаце, територијална позицијата на Општина Чучер Сандево овозможува поврзување на целиот регион. Интересот кај бизнис заедницата за инвестирање во Чучер Сандево е голем.

Каква кампања очекувате и каква кампања ќе водите?

Бајовски: Јас се кандидарам за да изградам и да ја модернизирам општина Чучер Сандево. Да ја урбанизираме, да знаеме каде треба да градиме, каде не треба. Во кој дел ќе ни бидат заштитните зони, кои ни се археолошки наоѓалишта. Ќе водиме кампања за да создадеме модерна, убава, достојна општина за живот за сите граѓани на Чучер Сандево.

Овие локални избори за првпат населеното место Кучевишка Бара ќе гласа за Општина Чучер Сандево. Каква е состојбата таму?

Бајовски: За жал состојбата во Кучевишка Бара е многу лоша. Во 21 век зборуваме за немање на канализациона мрежа, на фекална и атмосферска канализација. Зборуваме за асфалтирање на улици, за реконструкција на улици и сето тоа е направено уште при територијалната поделба. Конечно е исправена неправдата, легализации, данок на имот, се’ плаќаат во Општина Чучер Сандево и општината треба да им се возврати. Зборуваме за околу 13 километри секундарна мрежа за канализација, пречистителна станица, реконструкција на водоводна мрежа и на сите улички.

Колку поддршката од семејството е важна во ова ваше поглавје?

Бајовски: Поддршката од семејството е најважна. Кога почнував со политика многу мал, прво го прашав татко ми дали да почнам да се занимавам со политика, мајка ми, сестрите, потоа се оженив, и сопругата. Најголема поддршка ми е семејството. Се’ што работам, работам за семејството бидејќи семеен човек сум, имам три деца. Сите сме по потекло од Чучер Сандево и сакаме да останеме да живееме во Чучер Сандево, во Мирковци од каде сум и јас.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

По катастрофата на Кипар: Паника во Ц. Звезда, Терзиќ мора да распродаде пола тим!

Следно

Од запуштен до модернизиран: Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби нов лик

Latest from Blog

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите

Ѓорѓиевски: Историско обединување за подобро Шуто Оризари

Градоначалничкиот кандидат за Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во потпишувањето на Декларација за заедничко делување со повеќе ромски партии, со цел да се обезбеди поддршка за Ерџан Демир, кандидат за градоначалник на

Пациентка со Паркинсонова болест свири кларинет за време на операција на мозок (видео)

Во необична хируршка процедура, 65-годишна пациентка со Паркинсонова болест свирела кларинет додека лекарите го стимулирале нејзиниот мозок со електрични импулси за да ги следат непосредните ефекти од операцијата. Дениз Бејкон, поранешна логопедка

(ВИДЕО+ФОТО) Пијан возач со Ауди помина на црвено и уби татко, мајка и дете во Белград

Три млади животи згаснаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата во Нов Белград. На раскрсницата на улиците „Хероја Кошаре“ и „Омладински бригади“, загинаа мајката Д.К. (1987),
Go toTop