Бајден: Војната во Газа зеде многу повеќе цивили отколку сите претходни конфликти таму заедно

March 8, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден ја потврди невидената природа на тековната израелска офанзива врз опколениот Појас Газа за време на неговото синоќешно обраќање во Конгресот за состојбата на земјата, јавува Анадолу.

Бајден потврди дека конфликтот доведе до над 30.000 загинати Палестинци во крајбрежната енклава, велејќи дека војната „им нанесе поголема штета на невините цивили од сите претходни војни во Газа заедно“.

Тој истакна дека „повеќето“ од загинатите „не се Хамас“ и дека „илјадници и илјадници“ од загинатите се „невини, жени и деца, девојчиња и момчиња“.

„Речиси 2 милиона Палестинци се под бомбардирање или се раселени. Домовите се уништени, населбите се во урнатини, градовите се во урнатини. Семејствата се без храна, вода, лекови. Тоа е срцепарателно“, изјави Бајден на заедничката седница на Конгресот.

Американскиоит претседател официјално објави дека ѝ наложува на американската војска да подигне привремено пристаниште по должината на брегот на Газа, за кое рече дека ќе може да прима „големи пратки“ со храна, вода, лекови и привремени засолништа за населението во опколената Газа.

Тој остана на ставот дека ќе нема американски војници на терен во Газа за реализирање на краткорочниот проект.

„Привременото пристаниште ќе овозможи значително зголемување на количината хуманитарна помош што влегува во Газа секој ден“, рече Бајден. „Израел мора да го направи својот дел. Израел мора да дозволи поголема помош во Газа, да се погрижи хуманитарните работници да не бидат фатени во вкрстен оган.“

Бајден упати директна порака до израелската Влада, порачувајќи им на тамошните власти дека помошта „не смее да биде секундарна грижа или договор за пазарење“.

„Заштитата и спасувањето невини животи мора да биде приоритет“, рече американскиот претседател.

Израел ја продолжува воената офанзива врз Појасот Газа, која веќе трае 153 дена, како одмазда за нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив соопшти дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади загинаа најмалку 30.800 Палестинци, а речиси 73.000 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи голем дел од неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Во привремената одлука донесена во јануари, Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

Меѓутоа, непријателствата продолжија со ненамалено темпо, а испораките на помош се многу мали за да се одговори на хуманитарната катастрофа во Газа.

Бајден нагласи дека „единствено вистинско решение“ за израелско-палестинскиот конфликт останува дводржавното решение, критикувајќи го за тоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој постојано отфрла каков било суверенитет за палестинскиот народ сѐ додека е на власт.

​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден во говорот за состојбата на нацијата: Нема да му се поклонам на Путин

Следно

Фидан во Вашингтон: Во Газа треба што поскоро да се прогласи прекин на огнот

Latest from Blog

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е

Ристовски за МИА: Создаваме европски стандарди во спортот, а не привремени резултати

Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да

7 ретки особини на личноста поради кои луѓето потајно се заљубуваат во вас

Постојат луѓе кои имаат некаква тивка, речиси незабележлива привлечност. Тие не се најгласни во просторијата. Не се наметнуваат. Немаат потреба по секоја цена да остават впечаток. И сепак, нешто кај нив ги
Go toTop