Бајден: САД се подготвени да испратат дополнителни воени средства за поддршка на Израел

October 11, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека неговата земја е подготвена да испрати дополнителни воени средства во регионот, со цел да го засили Израел среде растечкиот судир со Хамас, известува Анадолу.

Бајден укажа на својата одлука за распоредување на ударна група со носачот на авиони „USS Gerald R. Ford“ во источен Медитеран и зголемување на американското присуство во регионот, додавајќи дека САД е подготвен да уфрли и дополнителни средства по потреба.

„Дозволете ми уште еднаш да кажам. За секоја земја, за секоја организација која мисли да ја искористи ситуацијата, имам еден збор. Немојте. Нашите срца можеби се скршени, но нашата одлука е јасна. Нека нема сомнеж. САД го чуваат грбот на Израел. Ќе се погрижиме еврејската и демократска држава Израел да може да се брани денес, утре, како што тоа отсекогаш сме го правеле“, порача претседателот Бајден од Белата куќа.

Израелските официјални лица проценуваат дека повеќе од 1.200 Израелци загинаа во нападите на Хамас врз градовите во близина на појасот Газа, објави весникот „Yedioth Ahronoth“, наведувајќи дека Хамас заробил околу 200 Израелци.

Меѓу убиените има и 14 државјани на САД, а засега не е познато колку американски државјани има меѓу заробениците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата на ДУИ и СДСМ е единствената од регионот која не прати авион за своите граѓани во Израел

Следно

Претрес во скопско, пронајдена дрога, оружје, пари…

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop