Бајден: САД му помогнаа на Израел во пронаоѓањето на Синвар, лидерот на Хамас

October 17, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден денес рече дека Вашингтон му помогнал на Израел да го пронајде лидерот на Хамас, Јахја Синвар, јавува Анадолу.

„Набргу по масакрите на 7 октомври [2023] година, му наложив на персоналот за специјални операции и на нашите разузнавачки професионалци да работат рамо до рамо со нивните израелски колеги за да помогнат во лоцирањето и следењето на Синвар и останатите лидери на Хамас кои се кријат во Газа“, изјави Бајден мислејќи на прекуграничниот напад минатата година од страна на Хамас во кој загинаа околу 1.200 луѓе, по кој започна израелската воена офанзива во Газа во која се убиени над 42.400 Палестинци.

Изјавата дојде откако портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, објави дека Синвар бил убиен во воена операција во Појасот Газа.

Бајден истакна дека Синвар е одговорен за смртта на илјадници Израелци, Палестинци, Американци и граѓани од над 30 земји, обвинувајќи го и дека е организатор на нападите на 7 октомври во Израел.

„Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот“, рече американскиот претседател.

Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, рече: „Со помош на американското разузнавање, многу од овие лидери, вклучително и Синвар, беа ловени и следени“.

Зборувајќи во авионот на пат кон Германија со Бајден, Саливан рече: „Синвар очигледно беше во бегство“.

Бајден, исто така, ја изрази својата поддршка за Израел во елиминацијата на раководството и воената структура на Хамас: „Хамас повеќе не е способен да спроведе уште еден 7 октомври“.

„Сега постои можност за „ден после“ во Газа без Хамас на власт, и за политичко решение кое обезбедува подобра иднина за Израелците и Палестинците подеднакво“, рече тој.

„Јахја Синвар беше непремостлива пречка за постигнување на сите тие цели. Таа пречка повеќе не постои. Но, пред нас останува многу работа“, додаде Бајден.

Во август, Синвар стана шеф на Политичкото биро на Хамас, наследувајќи го Исмаил Ханије, кој беше убиен во иранскиот главен град Техеран по церемонијата на полагање заклетва на новиот ирански претседател на 31 јули.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Јас денар не би му дал на Скопје и на оваа градоначалничка“, рече Гордан Георгиев во „Клик Плус“

Следно

Турскиот министер Фидан предупреди дека можната војна меѓу Израел и Иран треба да се разгледува како голема веројатност

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop