Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје во чест на жртвите од пукањето во училиштето во Нешвил

March 28, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Џо Бајдеn нареди знамињата во Белата куќа и во сите федерални згради да бидат спуштени на половина копје до зајдисонце на 31 март, по пукањето во училиште во кое животот го изгубија три деца и три возрасни лица, јавува Анадолу.

Бајден во писмена изјава рече дека го презел овој потег „како знак на почит кон жртвите на бесмислените акти на насилство извршени на 27 март 2023 година во Нешвил, Тенеси“.

„Исто така, дадов наредба знамето да биде спуштено на половина копје во исто време во сите амбасади, дипломатски мисии, конзуларни претставништва на Соединетите Американски Држави и во други објекти во странство, вклучително и сите воени објекти и поморски бродови и станици“, додаде тој.

Три деца и тројца возрасни беа убиени во приватното христијанско основно училиште во Нешвил, Тенеси, соопштија вчера претставници на органите за спроведување на законот додека САД се борат со уште едно ужасно пукање во училиште.

Тешко вооружениот напаѓач, 28-годишната Одри Хејл, поранешна ученичка на училиштето Ковенант, која се идентификуваше како трансродово лице, беше застрелана за време на престрелката со петчлениот полициски тим ангажиран на вториот кат во училиштето Презвитеријан, кое е поврзано со црква, соопштија властите.

Бајден за новинарите изјави дека тоа е „најлошиот кошмар на едно семејство“, повторувајќи го својот апел до Конгресот да усвои забрана за оружје за напад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Булевар „Борис Трајковски, увид во работа 27.3.2023

Следно

Град Скопје ги отвора понудите од превозниците: На повидок нормализација на јавниот превоз

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop