Бајден му порача на Иран да не тргнува во напад на Израел

April 13, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден го предупреди Иран да не тргнува во напад на Израел, јавува Анадолу.

Локалните медиуми од Блискиот Исток пишуваат за можен ирански напад врз Израел во знак на одмазда за неодамнешниот напад на иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија.

„Посветени сме на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел. Ќе помогнеме во одбраната на Израел, а Иран нема да успее“, изјави американскиот претседател Бајден пред новинарите додека ги завршуваше виртуелните коментари до група за граѓански права.

Израел е во состојба на висока готовност поради јавното ветување на Иран дека ќе нападне израелски цели како одмазда за воздушниот напад на 1 април врз неговиот дипломатски објект во главниот град на Сирија.

Во нападот загинаа најмалку седум припадници на иранската Исламска револуционерна гарда.

Иран го обвини Израел за нападот и вети дека ќе одговори. Израел, меѓутоа, официјално не ја презеде одговорноста за нападот, но со месеци извршува низа напади врз ирански цели низ Сирија.

И Иран и Хезболах, неговиот главен сојузник во Либан, рекоа дека нападот нема да помине неказнето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карлос Алкараз ќе ја брани титулата на турнирот во Барселона

Следно

Русија успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop