Бајден ќе се откаже викендов?

July 18, 2024
1 min read

81-годишниот претседател, кој сега е во ковид самоизолација, јавно останува решен да се соочи со Трамп на ноемвриските избори но приватно веќе попуштил под сè поголемиот притисок, лошите анкети и неодбранливата педантност со која секој збор и потег му се гледа низ призма на возраста и менталната спремност.

На Џим ВандеХеи и Џим Ален од Аксиос им било дојавено дека клучните играчи во партијата, пријателите на Бајден и најбитните донатори веруваат дека тој не може да победи и не може да ја промени перцепцијата на јавноста за неговата возраст и когнитивна острина.

На претседателот му било кажано дека ако остане, Трамп би можел убедливо да победи и да го избрише и неговото наследство и надежите на Демократите во ноември.

Демократите веруваат дека анкетите после Републиканската национална конвенција ќе покажат дека нивната партија ита кон дебакл.

„Негов избор е или да стане еден од историските херои или да биде сигурен дека никогаш нема да постои Бајденова претседателска библиотека. Се надевам дека ќе го направи вистинскиот избор,“ им рекол на ВандеХеи и Ален близок пријател на Бајден.

Последната анкета на Асошиетед прес покажа дека две третини од Демократите сакаат Бајден да се повлече и да остави простор за друг кандидат.

Притисокот врз Бајден е брутален последниве денови и очигледно е дека е координиран: водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер му порача да се повлече дента кога имаше атентат на Трамп. Поранешната спикерка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси која се смета за мозок на операцијата за ампутирање на Бајден му рече дека може да ги уништи шансите на демократите да го вратат Домот.  Слична порака му пренесе и лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис а доволно гласен е и молкот на  Обама, Бил и Хилари Клинтон, додека нивните поранешни соработници јавно маваат по Бајден.

Дури и оние што беа упорни Бајден да остане во трка, се стишаа после дуелот со Трамп.

Уште пред 20-тина дена, во колумна на Аксиос беше пренесена пораката дека Демократите не сакаат да го тргнат Бајден од сцена туку оставаат сам да се повлече. Но, тој не ги слушаше ваквите пораки со што натера и луѓе кои го сакаат, да го резилат и да молат да си оди.

Факт е дека Бајден не може да биде тргнат. Тој ги има делегатите и нив никој не може физички да ги отстрани. Тој ќе треба тоа да го направи како свој избор и под своја режија. Во неговата партија веруваат дека тоа веќе му е јасно.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По сторијата на ТВ 24, саниран едномесечниот дефект на цевка во УСЈЕ низ која течела питка вода

Следно

Шолц во посета на Белград

Latest from Blog

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко
Go toTop