Бајден ги критикуваше руските ракетни напади врз Украина и ја потврдува американската поддршка

November 29, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден го опиша рускиот напад со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта врз Украина како „срамотен“, велејќи дека таквиот напад е остар потсетник за важноста на поддршката на Украина, објави вчера Белата куќа, јавува Анадолу.

„Во текот на ноќта Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина“, се вели во соопштението на претседателскиот комплекс.

„Украинските власти известуваат дека Русија лансирала речиси 200 проектили и беспилотни летала кон украинските градови и енергетската инфраструктура, лишувајќи ги украинските цивили од пристап до електрична енергија“, се вели во соопштението.

Опишувајќи го нападот како „срамотен“, Бајден рече дека тој „служи како уште еден потсетник за итноста и важноста да се поддржи украинскиот народ во неговата одбрана од руската агресија“, се додава.

По повеќе од илјада дена од руската војна против Украина што започна во февруари 2022 година, американскиот претседател го увери украинскиот народ дека неговата земја е со него.

„Министерството за одбрана ѝ испорача стотици дополнителни проектили за противвоздушна одбрана на Украина, а во тек се дополнителни испораки“, посочи тој.

Администрацијата на Бајден со месеци работи на тоа да му помогне на Киев да ја зголеми отпорноста на својата енергетска мрежа во подготовките за зимата, а Министерството за одбрана продолжува да ги зголемува другите критични капацитети за Украина, вклучително артилерија, ракети и оклопни возила, се вели во соопштението.

„Русија продолжува да ги потценува храброста, издржливоста и решителноста на украинскиот народ“, рече претседателот во заминување, потврдувајќи ја поддршката на Вашингтон, заедно со над 50 земји, за Украина во „нејзината борба за слобода“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курир неофицијално дознава: Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето (ВО ЖИВО)

Следно

Родри и Винисиус меѓу номинираните за најдобар фудбалер во избор на ФИФА

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop