Баерн Минхен прави трансфер на напаѓач на Астон Вила и ќе плати 70 милиони евра

May 1, 2023
1 min read

Во германскиот шампион се заинтересирани за потписот на Оле Воткинс кој е член на Астон Вила.

Напаѓачот игра инзворедно во клубот од „Вила Парк“ по доаѓањето на Унаи Емери и е еден од играчите во најдобра форма во Премиер лигата, помагајќи му на својата екипа да стигне до европските квалификации.

Тој постигна 11 гола во последните 15 натпревари за својата екипа, која по лошиот почеток на сезоната под водство на Стивен Џерард сега е на шестата позиција во Премиер лигата.

Техничкиот директор на Баерн, Марко Непе, наводно бил во „Вила Парк“ во вторникот за да го гледа настапот на 27-годишниот Воткинс против Фулам.

Според „Сан“, Астон Вила за својот најдобар фудбалер ќе бара 70 милиони евра, а Баерн веќе размислува да испрати понуда додека бара нов фронтмен кој ќе го води нивниот напад.

Покрај Воткинс, на радарот на Баерн Минхен се и Виктор Осимен од Наполи, Хари Кејн од Тотенхем.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдињо создава Светска лига во уличен фудбал

Следно

Ердоган: МИТ во Сирија го неутрализираше лидерот на ДЕАШ, Абу ал-Хусеин ал-Кураши

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop