Баер ја одреди цената за Чаби Алонсо

February 29, 2024
1 min read

Чаби Алонсо бележи историски резултати на чело на Баер Леверкузен, „фармацевтите“ предводени од шпанскиот стратег се на добар пат конечно да стигнат до титулата во Бундес-лигата, па шпанскиот стратег неслучајно е најпосакуваното тренерско име на пазарот за летниот преоден рок.

Алонсо има договор со Баер на уште една година, но „фармацевтите“ имаат дадено ветување дека нема да му застанат на патот ако добие понуда од клуб од самата светска елита, и планираат да го исполнат дадениот збор. Само што, челниците на клубот од Леверкузен нема да ја пропуштат и можноста добро да заработат на трансферот на тренерот. Германските медиуми обелоденија дека веќе е одредена и цената за отштета за Чаби Алонсо, во висина од 25 милиони евра со што Шпанецот би се израмнил со Нагелсман (кога од Лајпциг премина во Баерн Минхен) како најскап тренерски трансфер во историјата.

Сумата е висока, но нема да претставува проблем за двата клуба кои се најзагреани за ангажман на Чаби Алонсо, Ливерпул и Баерн Минхен. „Црвените“ веруваат дека Алонсо е идеален кандидат за наследник на Јирген Клоп, додека Баерн бара тренерот како предводник на нов проект по најавеното заминување на Тухел на крајот од сезонава. Шпанецот во неколку наврати потенцираше дека моментно е фокусиран само на Баер Леверкузен и битките за трофеи, но неговата иднина дефинитивно е надвор од „Бај Арена“.

Останува само да се види кој од двата клуба за кои настапуваше како фудбалер, Чаби Алонсо ќе го избере за нов предизвик во својата тренерска кариера.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Училиштата и градинките ќе плаќаат 35 отсто поевтино парно

Следно

ФОТО: Бресквица откри детали за врската со момчето, постар е од мене, но многу ми смета една работа

Latest from Blog

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на
Go toTop