Screenshot

Азири: Османи зборува за 90-тите како да бил учесник, а имал само 11 години

September 30, 2025
1 min read

Портпаролот на локалниот штаб на коалицијата Вреди во Чаир, Сабри Азири, остро го критикуваше кандидатот на ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи, обвинувајќи го дека жителите на општината ги доживува како средство за сопствени цели, а не како приоритет за вистински промени.

„Кандидатот на опозицијата не ги знае ниту надлежностите на општината, ниту вистинските потреби на граѓаните. Наместо тоа, најмногу сака да зборува за теми кои се од надлежност на централната власт,“ изјави Азири.

Тој го обвини Османи дека создава „епски лаги“ за својата улога во политичките процеси од 90-тите и во 2001 година, иако во тие периоди имал само 11, односно 21 година. „Ваквото потценување на интелигенцијата на Албанците не е видено во поновата историја,“ додаде портпаролот на Вреди.

 

Азири порача дека граѓаните ќе ја казнат „опседнатоста со историски улоги“ на Османи и дека на претстојните локални избори тој ќе биде поразен. „Нека каже Бујар колку денови поминал со жителите на Чаир во неговите владини мандати, за денес да има право да ја бара нивната доверба,“ изјави Азири.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА со жестока казна за Србија!

Следно

Комерцијална банка, НЛБ и Макпетрол со најголем промет на берзата

Latest from Blog

НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис

Националниот парк Шар Планина информира дека во текот на 2026 година ќе почне  продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) насочена кон унапредување на постоечкиот мониторинг на балканскиот рис и популациите на

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада, но и за други прашања

Во Клубот на пратениците утре ќе се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како
Go toTop