Азербејџанската армија презеде контрола на над 90 воени позиции на ерменските сили во Карабах

September 20, 2023
1 min read

БАКУ (АА) – Азербејџанската армија презеде контрола на над 90 воени позиции за време на антитерористичките мерки против ерменските сили во Карабах, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, јавува Анадолу.

Според информациите во овој момент, повеќе од 90 борбени позиции на ерменските вооружени сили и многу стратегиски важни ридови се преземени под контрола од нивните вооружени сили, рече Анар Ејвазов на прес-конференција во Баку.

Истовремено, тој изјави дека се запленети седум воени возила, минофрлачи, еден тенк, две борбени возила на пешадијата и поголемо количество оружје и муниција на спротивната страна.

Портпаролот сподели и некои детали за антитерористичките активности на азербејџанската армија во регионот, кои завршиле со предавање на ерменските војници. Тој нагласи дека ерменските сили, на кои им снемало муниција, ги напуштиле позициите и побегнале.

Тој истакна дека азербејџанската армија не отворила оган врз тие што бегале.

Вчера Азербејџан најави спроведување на антитерористички мерки во Карабах, со цел да се поддржат одредбите наведени во трилатералниот мировен договор со Русија и Ерменија за ставање крај на конфликтот во 2020 година.

Меѓутоа, претходно денес Баку објави дека е постигнат договор за суспендирање на мерките од 13:00 часот по локално време.

Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија започнаа во 1991 година кога ерменската војска го окупира Карабах, територија меѓународно призната како дел од Азербејџан и уште седум соседни региони.

Есента 2020 година Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменската окупација во текот на 44-дневните судири. Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија.

Тензиите меѓу двете земји, сепак, продолжија и покрај тековните разговори за долгорочен мировен договор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски веќе не е претседател… за руските медиуми

Следно

ВИДЕО: Пензионерите протестираа пред Влада – се бара линеарно зголемување на пензиите

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop