Азербејџан одби да присуствува на состанокот за Карабах во Гранада

October 4, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев одби да присуствува на утрешниот состанок за Карабах во Гранада, Шпанија, на кој се очекуваше присуството на ерменскиот премиер Никол Пашинјан и лидерите од Европската Унија, Франција и Германија, јавува Анадолу.

Азербејџан инсистираше на присуството на Туркије, но Германија и Франција силно се спротивставија, објавија денес (среда) азербејџанските новински агенции, цитирајќи извори од претседателската администрација.

Официјален Баку соопшти дека не ја гледа потребата да учествува во преговори од овој формат по проерменските изјави на француските официјални претставници, посетата на француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона на Ерменија, изјавите за снабдување со оружје и муниција и обвинувањата од претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, против Азербејџан.

„На Азербејџан не му треба таков формат. Баку не гледа потреба да разговара за проблемите од регионот со земји што се далеку од регионот“, истакна азербејџанското Претседателство.

Беше предложено за прашањата за Карабах да се дискутира и да се решаваат во рамките на регионот, како и дека Азербејџан ќе учествува доколку се оживее претходниот трилатерален формат на дијалогот ЕУ-Азербејџан-Ерменија.

„Секој формат во кој учествува Франција е неприфатлив за Азербејџан“, се нагласува.

Азербејџанската војска започна антитерористичка операција во Карабах на 19 септември за воспоставување уставен поредок во регионот.

Илегалните ерменски вооружени сили во Карабах се предадоа по 24-часовната операција.

По операцијата, Азербејџан, по воспоставувањето целосен суверенитет во регионот, го повика ерменското население да стане дел од азербејџанското општество.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проширувањето на ЕУ би чинело 250 милијарди евра

Следно

Министерство за правда: Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop