Азербејџан ќе ја помага независноста од Франција

July 21, 2024
1 min read

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вети дека ќе им помага на прекуокеанските територии на Франција да дојдат до посакуваната  независност. 

Ова е последниот развој на настаните инспирирани од долготрајните конфликти во кавкаскиот регион. Алиев ја обвинува Франција за мешање во нејзините работи и ја помага Ерменија, со која имаа две војни во последниве 30 години, првенствено заради спорот околу  отцепеното Нагорно-Карабах.

Последниве месеци, азербејџанските власти се фокусираат на француската територија на Јужниот Пацифик, Нова Каледонија, опфатена со неколкунеделно насилство поради незадоволства на домородните активисти. Франција го обвини Баку дека ги разгорува насилствата со пропагандна војна и лажни вести.

Алиев ги пушти најновите коментари неколку дена пред отворањето на Олимписките игри во Париз и непосредно откако Баку беше домаќин на конгрес на кој се собраа групите кои се залагаат за независност на Нова Каледонија и други француски територии.

„Ќе ве поддржуваме додека не се ослободите“, рече Алиев на еден форум, велејќи дека е неприфатливо некои земји сè уште да се под колонијална чизма.

„Наша должност е да им помагаме на овие земји да се ослободат од овој реликт од минатото“.

На конгресот на „независните“, освен на Нова Каледонија, имало претставници и на славната Корзика (читај Астерикс и Обеликс), Коморските острови, архипелагот Мајоте и други територии кои и натаму се под француска власт.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опаѓање на дневните температури претстојната седмица, позначително од среда

Следно

Македонските млади кошаркари го освоија 15.место на ЕП

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop