Азербејџан ја одбележува 3-годишнината од победата во Карабах

November 8, 2023
1 min read

БАКУ (АА) – Азербејџан го одбележува Денот на победата во земјата, по повод тригодишнината од ослободувањето на регионот Карабах од ерменската окупација, јавува Анадолу.

По повод прославата на Денот на победата, во главниот град Баку се одржаа маршеви на кои учествуваа војници и ветерани од конфликтот, а на загинатите за време на војната им беше оддадена почит со едноминутно молчење.

Маршеви се одржаа и во градовите Ганџа, Барда, Фузули, Лачин и Зангилан.

Поголемиот дел од регионот Карабах, што беше под ерменска окупација речиси три децении, беше ослободен од Азербејџан во есента 2020 година за време на 44-дневната војна, која заврши по мировниот договор со посредство на Русија и исто така ја отвори вратата за нормализација со Ереван.

На 8 ноември, азербејџанската Армија го ослободи градот Шуша, а подоцна овој датум со претседателски декрет беше прогласен за Ден на победата.

Првично, Денот на победата требаше да се слави на 10 ноември, денот на крајот на Втората војна во Карабах, но подоцна тоа беше откажано поради совпаѓањето со годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Видеолотарија касинос Австрија им исплати на играчите фантастични 45 992 512 денари во октомври

Следно

Објавен оглас за избор на нови членови на Антикорупциска, старите без право на реизбор

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop