Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

February 21, 2026
1 min read

Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, ова го потврдија премиерот Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по денешниот увид на работите на делница „два“ којашто се простира од Гостивар до кичевското село Букојчани.

Премиерот, Христијан Мицкоски искажа благодарност до соработниците и институциите кои, како што рече, имаат разбирање за приоритетот за изградбата на овој проект и неговото значење.

– Оваа Влада е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура бидејќи поврзувањето, а и самата географска местоположба на државата треба да се искористи како предност, да се биде раскрсница во регионот е стратешка предност и како што кажа почитувана в.д. амбасадорка на САД во земјава, ние сме дел од НАТО Алијансата и на ова начин на реализирање на овие коридори се подобрува отпорноста и безбедноста во регионот, но и на Јужното крило на НАТО алијансата, изјави Мицкоски.

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер посочи дека експропријацијата на имотите кои се на трасата е завршена речиси 90 отсто и тоа го оцени како успех, а финансирањето е навремено што директно влијае врз навремена реализација на овој проект.

– Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 отсто, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, околу 90 отсто од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Пред нас има уште реализација и некаде на крајот на 2029-та година ќе можеме да го возиме овој автопат. Да кажам дека прогресот е добар и на автопатот којшто оди од Тетово до Гостивар и на автопатот којшто оди од Прилеп до Битола, истакна Николоски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресврт: Престијани призна, ама цехот ќе го платат Винисиус и Мбапе!

Следно

ВИДЕО: Интензивни работи на терен, се гради автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

Latest from Blog

Фудбалскиот свет во шок: Почина легендарниот стратег Мирчеа Луческу

Фудбалскиот свет вчерва остана шокиран од веста за смртта на легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу, кој почина откако неодамна доживеа срцев удар. Информацијата ја објави романскиот новинар Емануел Росу, потврдувајќи дека искусниот

Комуналец Прилеп: Населбата Бончејца заглавена поради мебел пред контејнерите

Во моментот, цела покуќнина е изнесена до контејнерите на улицата Бидимаш во населбата Бончејца, соопшти ЈКП Комуналец Прилеп. Дел од мебелот се наоѓа на сообраќајницата и го попречува нормалното движење на возила,

Божиновска на средба со „Chevron“ за диверзификација и стабилност во снабдувањето со енергенси

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта
Go toTop