Автопат во изградба, живот во опасност – 288 сообраќајни несреќи и 5 жртви во охридскиот регион

March 2, 2025
1 min read

Во 2024 година, во охридскиот регион се случиле 280 сообраќајни несреќи, при што загинале 5 лица. Најголем дел од несреќите се регистрирани на автопатот Охрид-Кичево, кој сè уште е во изградба.

Поради овие податоци, полицијата го зголеми надзорот на оваа делница, следејќи ја брзината, користењето на алкохол и мобилни телефони за време на возењето.

„За жал, се зголеми бројот на жртви, што значи дека полицијата интензивно треба да биде присутна на сите оние патишта каде што има поголем број несреќи, особено на автопатот што е во изградба Охрид-Кичево.“, вели Стефан Димовски.

Овој автопат е познат по честите несреќи, па затоа полицијата воспостави контролни точки за мерење на дозволената брзина, со цел да се спречат дополнителни трагедии.

„Ова значи дека полицајците во различни временски интервали се присутни на овие делови од патот и преземаат мерки според контролата – брзина, возење под дејство на алкохол, користење мобилни телефони, управување со мотори, а таму каде што се забележуваат прекршоци се преземаат соодветни мерки.“, вели Стефан Димовски.

Од почетокот на годината досега, полицијата издала околу 30 превентивни мерки. Минатата година беа регистрирани околу 300 сообраќајни несреќи со две жртви. Иако во 2024 година има помалку несреќи, бројот на загинати е зголемен.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доцна вечерва ќе се доделат наградите Оскар, еве што треба да знаете

Следно

Шефот на НАТО пред самитот за Украина: „Сите сакаме мировен договор, и тој мора да трае“

Latest from Blog

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави видео од работите на автопатот Кичево-Охрид. -НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со изградба на 14 ГАЛЕРИИ кои прв пат се изведуваат во

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници
Go toTop