Австралискиот премиер го осуди подметнувањето пожар во синагогата во Мелбурн

December 6, 2024
1 min read

Австралискиот премиер Ентони Албанез го осуди денешниот напад врз синагога во Мелбурн, кој предизвика значителна штета.

Полицијата во државата Викторија соопшти дека иследниците за подметнување пожари и експлозиви биле на местото на сомнителниот пожар во синагогата Адас Израел во областа Рипонлеа во југоисточниот дел на Мелбурн. Градот е главен град на јужната австралиска држава Викторија.

– Ова е невидено. Насилство, заплашување и уништување на храмови е нешто што никогаш не треба да го видиме во Австралија. Тоа е ризик за животи, јасно е дека има за цел да создаде страв во заедницата, изјави Албанез за радиото Еј-Би-Си Мелбурн.

Властите го добиле повикот околу 4:10 часот утрово и им било кажано дека двајца мажи биле внатре во синагогата и истуриле течност на подот, соопшти полицијата.

Еден верник ги прекинал и побегнале. Мажот кој се соочил со двајцата напаѓчи наводно се здобил со повреди на раката и му била укажана лекарска помош на лице место, соопшти полицијата. Нема информации за други повредени, но има значителна штета на објектот.

Во Мелбурн живее најголемата еврејска заедница во земјата, со 54.583 евреи според пописот од 2021 година, соопшти Еврејскиот совет на Австралија (JCA). Сиднеј е на второ место со 47.099 евреи. Во двата града заедно живеат околу 84 проценти од австралиските Евреи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

Следно

Бериша бара техничка влада пред изборите, за социјалистите неоснована политичка желба

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop