Австралискиот премиер Албаниз положи заклетва за втор мандат

May 13, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Австралискиот премиер Ентони Албаниз и неговиот Кабинет денес положија заклетва за втор мандат откако неговата партија победи на неодамна одржаните избори, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Албаниз положи заклетва како премиер пред генералниот гувернер Сем Мостин, објави Еј-би-си њуз.

Новата Влада ќе има 42 члена, составена од 23 члена на Кабинетот, седум дополнителни министри и 12 помошници министри, кои положија заклетва на функциите.

Вчера Албаниз објави дека Ричард Марлес ќе биде заменик-премиер и министер за одбрана, а Пени Вонг ќе продолжи да биде министерка за надворешни работи во втор мандат.

Лабуристичката партија досега освои 89 места од 150 во Долниот дом, 13 повеќе од потребните 76 места за формирање влада со просто мнозинство.

Сузан Леј е назначена за нова лидерка на опозициската Либерална партија откако доби 29 партиски гласови во споредба со 25 за Ангус Тејлор.

Според медиумот, таа е прва жена на оваа позиција во 80-годишната историја на партијата.

Поранешниот лидер на Либералната партија, Питер Датон, загуби на неодамнешните избори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возел со 1,58 промили алкохол во крвта – уапсен ресенчанец 

Следно

15.000 Аргентински навивачи ќе го “пропуштат” Светското клупско првенство

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop