Авиосообраќајот утре ќе се одвива нормално, контролорите на летање го одложија штрајкот

October 11, 2023
1 min read

Постигнат е договор да се одложи штрајкот, барањата ги оценија како легитимни, а како гарант за нивната реализација стои министерот Бочварски и неговиот кабинет. Договорено е да има постојана коодинација и средби во наредниот период за да тие се спроведат, велат од Струковиот синдикат на контролорите на летање

Контролорите на летање утре нема да го одржат најавениот шестчасовен штрајк и авиосообраќајот ќе се одвива нормално, информираа вечерва од Министерството за транспорт и врски (МТВ).

Одложувањето на штрајкот значи дека утре ќе нема прекини на летовите на аеродромите во Скопје и Охрид, ниту пак редуцирање на опслужувањето на прелетите.

Одложувањето на штрајкот доаѓа по средбата на Струковиот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) со ресорното министерство и со Македонска навигација М-НАВ на која е постигнат договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот и за надминување на истите.

„Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието“,

се вели во соопштението од МТВ. 

Оттаму додаваат дека со заеднички координации ќе работат на целосно реализирање на превземените обврски од двете страни.

На средбата, како што информираат од министерството, било договорено да се работи на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека заедно со менаџментот на М-Нав стојат на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот.

Потврда дека штрајкот се одложува има и од претседателот на ССКЛ Александар Тасевски кој вели дека добиле уверување за исполнување на поставените барања, со гаранција за нивна реализација од министерот Благој Бочварски. 

„Постигнат е договор да се одложи штрајкот, барањата ги оценија како легитимни, а како гарант за нивната реализација стои министерот Бочварски и неговиот кабинет. Договорено е да има постојана коодинација и средби во наредниот период за да се спроведат“,

изјави Тасевски за МИА. 

До средбата во Министерството за транспорт и врски дојде откако Синдикатото најави дека утре од 11 до 17 часот ќе има штрајк и оти во тој период ќе бидат прекинати полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а услугите за прелетите над македонското небо ќе бидат намалени за половина од редовните. 

Откако Синдикатот го најави штрајкот поради, како што информираше, „непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“, од М-НАВ ги отфрлија тврдењата, завчера одржаа средба, но без позитивен исход, по што следуваше поканата за состанок во ресорното Министерство. 

Клучните барања на Синдикатот се во однос на постапките за вработување, бараат да нема вработувања на друг кадар освен контролори на летање и инженери и техничари, се додека не се направи нова систематизација што ќе биде базирана врз резултатите од студијата што ќе ја подготви консултантска фирма за што се потребни пет до шест месеци. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Постигнат договор за решавање на проблемите на М-НАВ, штрајкот одложен

Следно

Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска

Latest from Blog

САД: Странските терористи во Сирија мора да ја напуштат земјата

ВАШИНГТОН (АА) – Вршителот на должноста државен потсекретар за политички прашања, Џон Бас, кој имаше средби во Анкара, рече дека ги разбираат безбедносните грижи на Туркије и дека странските терористи во Сирија

Не помина ни интерпелацијата за Исени

Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени. Истата не е помина бидејќи 4 пратеници гласаа за, додека пак 62 гласаа против. Интерпелацијата ја поднесе

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерот Тошковски

Со 7 гласа за и 63 против, Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Претходно не беа изгласани ни интерпелациите на вицепремиерите Меџити и Стоиљковиќ.  Собранието,според деловникот за работа

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Собранието вечерва со седум гласа „за“, 63 „против“ и без ниту еден воздржан ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Селективното дејствување врз етничка основа за случувањата на 28
Go toTop