Артета се најде во одбрано тренерско друштво во ПЛ!

October 5, 2025
1 min read
ФОТО: FC Arsenal/FB

По вчерашната победа над Вест Хем од 2:0, Арсенал изби на чело на табелата, по поразот на Ливерпул. Тимот на Микел Артета сега зависи само од себе дали конечно ќе дојде до титулата во ПЛ.

Иако има да се играат уште повеќе од 30 кола, се чини дека тимот од „Емирејтс“ има се што треба да биде пред конкурентите.

Артета имаше уште една причина да биде задоволен по победата со „Чеканите“. Имено ова за него беше 300-ти меч како менаџер на Арсенал и 177 победа со што се израмни со Јирген Клоп на вечната листа во ПЛ.

Најдобар и тоа убедливо, е Пеп Гвардиола кој во првите 300 меча како тренер на Манчестер Сити дојде до 2019 победи. По него следува Жозе Мурињо кој како тренер на Челзи забележа196 победи, а пред Клоп и Артета е и Кени Далглиш кој како менаџер на Ливерпул дошол до 185 победи во првите 300 меча.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелското МНР негира дека Грета Тунберг и другите хуманитарната флотила биле малтретирани: Бесрамни лаги!

Следно

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop