Арсовска му одговори на Мицкоски: Градот Скопје нема надлежност за постапување по дивоградби

May 22, 2025
1 min read

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, реагираше на повикот од премиерот Христијан Мицкоски да преземе мерки против дивоградба во скопската општина Чаир, посочувајќи дека Градот Скопје нема законска надлежност да постапува во такви случаи.

„Жалам што првиот човек на Владата сѐ уште не ги познава законите и нема основни сознанија за функционирањето на локалната самоуправа“, изјави Арсовска преку објава на Facebook.

Таа појасни дека за дивоградбите се надлежни општинските градежни инспектори, а не Градот Скопје, кој, според неа, единствено нема свој градежен инспекторат по закон.

„Надлежност за постапување има Општина Чаир преку својот градежен инспектор, а дополнително и Државниот градежен инспекторат кој е под Министерството за транспорт и врски“, наведе таа.

Арсовска потенцираше дека во случаи на бесправна градба и узурпација на државно земјиште, одговорноста ја има Министерството за внатрешни работи.

„Благодарам на можноста да делувам едукативно, и апелирам – сега кога ги знаете надлежностите, постапете веднаш“, му порача Арсовска на премиерот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицаец ранет за време на полициска акција во Белград

Следно

Сè уште нема точна каматна стапка за заемот од Британија, 6 милијарди евра со рок од 10 години – се чекаат конкретни проекти

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop