Арсовска до Ристовски: Цела Влада бевте на отварање, сега Градот ви е крив, ова веќе ни во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ не поминува

July 27, 2025
1 min read

„Борко како министерство за спорт и Влада цела година ја организирате младинската олимпијада, милиони потрошивте, не дозволивте град Скопје никаде да биде вклучен и сега сакаш ние да сме виновни?

Аман ова веќе ни во штаб не ви поминува, а не пак меѓу граѓаните. Сакавте со МОК да сте организациски одбор, нас не исклучивте целосно, да се фалите сами со олимпијада во Скопје.

Градот ни знае што сте организирале, ни каде пари сте трошеле, ни не поканивте да сме дел од процесите, ни на отварање не не поканивте. Дека сте вие организатори и домаќини, се гледа по тоа што пола партија и 10 министри ја отворивте олимпијадата, напиша Арсовска на својот ФБ

По силните критики во јавноста за лошата организација на Европските младински олимписик фестивал (ЕМОФ), Министерот за спорт тврди дека неговото министерство не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), туку Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје.

Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека државата преку Министерството за спорт финансиски го помогна одржувањето на Европскиот младински олимписки фестивал, ЕМОФ 2025, со над еден милион евра и ги стави на располагање дел од сместувачките капацитети во студентските домови во Скопје.

Вчера вечере на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје беше свечено затворен Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ 2025. Присутни беа спортистите од 48 европски земји, дел од 15 спортски дисциплини, кои во изминатите денови настапуваа на натпреварите во Скопје и во Куманово.

Од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово се одржува ЕМОФ 2025, на кој настапуваат над 4.000 млади спортисти од 49 европски земји. За Олимпијадата граѓаните се жалеа дека слушнале последниот ден кога почнаа натпреварите и дека требало да има поголема промоција. Дел од учесниците веднаш реагираа по социјалните мрежи жалејќи се на лошате организација во однос на сместувањето и превозот. Спортисти од Шпанија објавија видео од паднат плафон во тоалетот во собата каде што се сместени. Автобусите кои ги превезуваат ги нема доволно, па мораат да се возат се јавен превоз, кој е редуциран поради летниот распоред. Контролори од ЈСП им бараат билети на децата, иако секаде низ светот кога се организираат вакви настани јавниот превоз е бесплатен за учесниците. Двајца велосипедисти од Исланд беа удрени од автомобил додека тренирале ден пред настапот.

Дел од медиумите објавија и сведоштва на учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје за мизерните услови во кои се сместени со лоша храна, топлите и неклиматизирани соби и дека организаторот им наплаќал по 110 евра од – вечер.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Следно

Лабина Митевска и Гоце Смилевски: „Мајка“ не е биографски филм, туку длабока човечка и духовна драма

Latest from Blog

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти

Хоџиќ: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

Странката на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) оцени дека државата се наоѓа во длабока општествена криза и порача дека е неопходна демократска мобилизација за враќање на европскиот курс на земјата. Овие

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата

Одрон на патот што го поврзува граничниот премин Требиште – Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија

Поради одрон на патот што ја поврзува областа Голо Брдо со граничниот премин Требиште – Џепиште кој ја поврзува Албанија со Македонија сообраќајот на оваа делница е отежнат. Овој пат е од
Go toTop