Арсовскa: Џабе се слика со лажен хероизам, Ѓорѓиевски со друго не може да се пофали

April 1, 2025
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на својот Фејсбук профил истакна дека проблемот во село Батинци, каде се излеа Маркова река и создаде поплави, е поради тоа што општинските власти не ги чистат каналите.

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно треба да ја превземаат во континуитет.

Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител за проблемите кои градоначалникот на општината сам ги дозволил.

Проблемот од Батинци поради неодржување на каналите се прелева кон Скопје, а Противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација активно работат на терен. Само немаат време да се сликаат!“, вели Арсовска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски во Отворено: Нашата анализа покажа дека нема цијанид во реката

Следно

Џорџ Расел добива нов договор од Мерцедес

Latest from Blog

Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори би можеле да бидат променети

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека датумот или местото на одржување на следната рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, за ставање крај на војната во Украина, би можеле

Манасиевски: СДС бара 600 евра минимална плата, а во фирмите на Заеви платите на вработените се на минималец

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одговараше на новинарски прашања по одржаниот прес. Тој беше прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Филипче и СДС за 600 евра минимална плата.

Трипуновски: Фармерот од струмичко кој го загуби своето стадо овци и јагниња во поплавите ќе добие отштета

Фармерот од струмичко кој го загуби своето стадо овци и јагниња во поплавите ќе добие отштета, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Во рамки на мојата посета и во

Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори може да се промени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека датумот или местото на следната рунда разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, за завршување на војната во Украина, може да се промени, соопшти

Нов скандал во Црна Гора: полицијата го бара синот на експретседателката на Врховниот суд под дрво и под камен – исчезна по пресудата

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ оцени дека станува збор за невиден скандал и за целосен колапс на системот, истакнувајќи дека држава што дозволува бегство на осуденик за организиран криминал го губи својот кредибилитет.
Go toTop