Арктички бран во Британија; Германија ја зафати снежната бура „Гертруда“

January 17, 2024
1 min read

Температурите паднаа до -13 Целзиусови степени во Шкотска во текот на ноќта, бидејќи брановите на арктичкиот воздух продолжуваат да се движат низ Велика Британија. И во Германија временските услови се тешки поради снежната бура „Гертруда“ и замрзнатиот дожд кој зафати повеќе региони на таа земја.

Поради овие температури метеоролозите најавија дека изминатата ноќ би можела да биде најстудената јануарска ноќ во последните 14 години, јавува Би-би-си.

Тешките услови и значителните снежни врнежи веќе доведоа до затворање на училиштата во Шкотска и северна Англија и предизвикаа прекини на патувањето.

Нешто поблаги температури се очекуваат кон крајот на неделата, пред евентуално невреме викендов.

Повеќе од 40 сантиметри снег би можеле да се забележат на високото место во северозападна Шкотска до петок, бидејќи зимското време продолжува, прогнозира Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство.

Снежна бура ја зафати Германија, маж загина додека чистеше снег

Германската метеоролошка служба (ДВД) денеска издаде предупредување за сериозно време поради снежната бура „Гертруда“ и замрзнат дожд што зафати повеќе региони во земјата.

Метеоролошката служба предупредува на делумно екстремнa голомразица за Баварија, Баден-Виртемберг, Централна Германија ќе биде особено погодена од обилните снежни врнежи, а за делови од Северна Рајна-Вестфалија, Рајна-Пфалц и Хесен, ДВД предупреди на опасност дрвјата да се урнат под тежината на снегот.

Се очекуваат значителни ограничувања на аеродромите во Минхен и Франкфурт, пренесува Bild.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едно лице загина, а 8 се повредени при пад на воен хеликоптер во Киргистан

Следно

Полицајци и приватна фирма за обезбедување со нов тендер го чуваат М-НАВ

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop