Арапскиот свет ги сака Палестинците, платонски

October 29, 2023
1 min read

Владите на арапскиот свет се јавно обединети во цврстата поддршка за Палестинците додека Израел се загрева за комплетна копнена инвазија на Газа за да го елиминира Хамас. Така е барем на зборови. Нивните дела сугерираат поинаку.

Јорданската кралица Ранија, на пример, јавно се исповедаше дека таа и нејзиниот народ се „потресени и разочарани од реакцијата на светот на оваа катастрофа што се случува“.

Кралицата, по потекло Палестинка, можеби ќе сака на оваа тема да позборува со нејзиниот сопруг, Абдула Втори, кој, кога Израел го започна својот контра-напад, отворено рече

„Ова е црвената линија: нема бегалци во Јордан“.

А да им се дозволи доаѓање на Палестинците сигурно ќе го ублажи нивното страдање и ќе биде голем предизвик за Хамас. И Египет категорично одбива примање бегалци; во суштина ниту една арапска нација не најде доблест да им понуди засолниште на своите „браќа“.

Во последната деценија, Катар ѝ даваше на Газа – односно на властите на Хамас – во просек 166 милиони долари годишно, наводно за „цивилни“ проекти. Јасно е дека Хамас ги потрошил тие пари за други работи, со оглед на ужасната економија на Газа (над 80% од тамошните 2,1 милиони луѓе живеат во сиромаштија).

„Сериозно, со оглед на катастрофалните услови во кои живеат Палестинците, зошто побогатите арапски држави не покренаа еден сериозен „Маршалов план“ па да ги извадеа нивните палестински браќа од економска и социјална мизерија?“, прашува Њујорк пост во свој едиторијал. 

Според уредништовото, одговорот лежи во тоа што уште од создавањето на државата Израел во 1948 година, арапските држави го користеа палестинското прашање – и палестинскиот народ – само како корисна палка против еврејската држава и како одвраќање од незадоволството на сопственото население од нивното владеење.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екс министерот Тодоров: СДСМ повеќе од ВМРО-ДПМНЕ сака да не се донесат уставните измени

Следно

(ВИДЕО) Рудници Иловица-Штука: Статус кво во магла од прашања

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop