Арапскиот свет ги осуди изјавите на израелскиот министер кој повика на употреба на „нуклеарна бомба“ врз Газа

November 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Арапскиот свет објави соопштенија во кои ги осудува вчерашните изјави на израелски министер за употреба на „нуклеарна бомба“ во Газа, јавува Анадолу.

„Министерот за културно наследство Амичаи Елијаху изјави дека една од опциите на Израел во војната во Газа е да пушти нуклеарна бомба во Појасот“, објави „Тајмс оф Израел“.

Во интервјуто за радиото, Елијаху, исто така, „го изнесе својот приговор да се дозволи каква било хуманитарна помош во Газа“.

„Изјавите се доказ за степенот на отстапување и екстремизам“, изјави на социјалната мрежа Х Ахмед Абу Зеид, портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи.

„Меѓународната заедница мора решително да се соочи со реториката на насилство, омраза и расизам“, рече тој.

Министерство за надворешни работи на Кувајт на Х соопшти дека „израелската окупација и нејзината агресија врз палестинскиот народ достигнале опасна фаза и нејзината ароганција достигнала степен на бруталност без преседан во човечката историја“.

Министерството го повтори „апелот на Кувајт до меѓународната заедница и Советот за безбедност (ОН) да го запрат геноцидот врз братскиот народ на Палестина.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека изјавите „претставуваат кршење на меѓународното право и поттикнување за извршување сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и воени злосторства, а исто така предизвикува сериозна загриженост за постоењето намера да се изврши кривично дело геноцид“.

Организацијата за исламска соработка (ОИС), исто така, ги осуди изјавите, велејќи дека „рефлектира екстремизам и говор на омраза, поттикнување насилство, организиран тероризам и злосторство геноцид извршено секојдневно од страна на израелската окупација врз палестинскиот народ, со флагрантно кршење на меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции“.

По неговите изјави, Елијаху беше суспендиран од владините состаноци на неодредено време, соопшти Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека неговите изјави „не се засноваат врз реалноста“.

Израелската армија „оперира во согласност со највисоките стандарди на меѓународното право за да избегне да им наштети на невините“, соопшти Канцеларијата.

Бројот на Палестинци кои загинаа во израелските бомбардирања во Појасот Газа се искачи на 9.770, објави вчера Министерството за здравство во блокираната енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска соопшти дека ќе отвори коридор во Газа за да им овозможи на Палестинците да избегаат на југ

Следно

Стано: Новиот предлог на ЕУ за формирање на ЗСО е избалансиран

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop