АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот закон за игри на среќа во Собранието: „Предизборната реторика ќе ја загрози одржливоста на регулативата!“

July 16, 2025
2 mins read

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот драфт на закон за игри на среќа во собраниска постапка. Поучени од претходните искуства, сметаме дека предизборната реторика многу штетно ќе влијае на процесот. Повторно ќе
започне партиска лицитација со предлози кои ќе имаат за цел промовирање на радикални решенија и конечно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Таквиот пристап ќе спречи усвојување на долгорочна спроведлива регулатива. Неопходна е широка општествена дебата и инклузивен процес, наместо нов закон по секоја цена. Веруваме дека нашите предупредување ќе бидат примени со добра волја, без предрасуди и надвор од дневно политичките збиднувања.

Искрено жалиме што и во новиот предлог закон се актуелизира противуставната и дискриминаторска одредба за воведување дистанца за легалните објекти за игри на среќа. Не е точно дека младите ќе бидат повеќе заштитени со дистанца од 500 метри. Ваквиот концепт е целосно промашен, неизводлив на терен и зависен од субјективна проценка на надлежните.

Одговорно тврдиме дека дислокацијата е параван за клуч на врата на легалните објекти за игри на среќа. Критиките дека називите и излозите на спортските објектите ги привлекуваат младите и наводно така преку очите им се создава навика за игри на среќа, нема врска со реалноста. Ако ја прифатиме оваа логика, со истите аргументи ќе треба да се дистанцираат и кафулињата, кафеаните и тобаката за младината да не биде под ризик да стекнува зависност од алкохол и никотин. Особено што во новиот закон се предвидува големината на досегашните светлечки
реклами за називите на објектите за игри на среќа да биде драстично намалена на најмногу 100 сантиметри должина и 30 сантиметри ширина.

Истовремено сметаме дека е целосно нелогично во исто време да се воведува дистанца на објектите и да и се овозможува на државата да организира игри на среќа преку интернет. Онлајн игрите на среќа се достапни преку мобилни уреди, компјутери на секое место во државата и така младината е под постојан ризик да има непосреден контакт со игрите.

Во услови на сериозни економски предизвици е целосно нерационално да се турка нов закон кој во пракса постепено предвидува целосно затворање на легална економска гранка и по автоматизам отворање играње на црно во подрумски простории, како децении наназад. Државата ќе ги изгуби контролата и неколку стотици милиони евра годишно кои се слеваат во државниот Буџет.

Ние сме претставници и на реномирани странски компании кои во овие деловни услови индиректно помагаат меѓу 54 илјади до 100 илјади работни места во земјата, и најмалку што очекуваме е да бидеме третирани од државата во која инвестираме со децении на ист начин како и странските инвеститори од други економски дејности. Особено што со вкупно 10 илјади вработени сме најголемиот приватен работодавец во државата. Станува збор за општествено одговорни компании кои целосно го штитиме јавниот интерес и неселективно ја спроведуваме регулативата.

Бараме од политичарите да престанат да не ставаат во фокусот на дневно политичките препукувања. Нам таму не ни е местото. Не сме против нов закон за игри на среќа кој ќе содржи одредби кои предвидуваат заштитни механизми за грижите на јавноста, но нема да дозволиме да бидеме жртви на политичка гилотина во предизборни цели.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХАРИСОН ФОРД ЈА ДОБИ ПРВАТА НОМИНАЦИЈА ЗА ЕМИ ВО 50-ГОДИШНАТА КАРИЕРА

Следно

Најмалку 21 Палестинец убиени на пункт за хуманитарна помош на САД во јужна Газа, многумина задушени од солзавец

Latest from Blog

„Д-р Баткоски“ го носи Охрид на мапата на светската стоматологија

Сместен во Охрид, стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е приватна здравствена установа која во последната деценија изгради препознатливост по комбинацијата од врвна технологија, силен професионален тим и топол, човечки пристап кон пациентите. Токму

Видео: Божиќната елка во Витлеем првпат осветлена од почетокот на војната во Појасот Газа

Во текот на двете години војна во Појасот Газа, сите јавни прослави на Божиќ беа откажани во Витлеем на окупираниот Западен Брег, каде што христијаните веруваат дека е роден Исус. Меѓутоа, по

Силен земјотрес ја погоди границата меѓу САД и Канада

Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени ја погоди оддалечената област на границата помеѓу американската држава Алјаска и канадската територија Јукон во неделата. Не е издадено предупредување за цунами, а официјалните лица
Go toTop