Апелациониот суд на В. Британија го прогласи за незаконски планот на властите да ги испрати барателите на азил во Руанда

June 29, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Апелациониот суд на Велика Британија денес го прогласи за незаконски планот на властите за испраќање на барателите на азил во Руанда, пренесува Анадолу.

Пресудата следуваше по долгата правна битка и дебата во Британија, бидејќи Високиот суд во декември пресуди дека планот за депортирање мигранти во источноафриканската земја е легален. Еден месец подоцна, Високиот суд ја одобри жалбата на таа пресуда.

Овој план стана едно од најконтроверзните прашања за миграциската политика на Владата, што предизвика меѓународни критики и масовни протести низ Велика Британија.

Планот за Руанда кој го потпишаа тогашниот министер за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател, и министерот за надворешни работи на Руанда, Винсент Бирута, во април 2022 година, предвидува дека барателите на азил кои се обидуваат да влезат во Велика Британија, ќе бидат испратени во Руанда.

Решавањето на прашањата за малите чамци е еден од петте приоритети на британската Влада бидејќи минатата година повеќе од 45.000 мигранти пристигнаа во земјата преку преминување на Ла Манш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ципрас се повлекува од лидерската позиција во Сириза

Следно

Ирак бара екстрадиција на Салван Момика, кој го запали Куранот во Шведска

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop