Апелација за ставањето на Беџети на „црната листа: Во целост ги поддржуваме заложбите за борба против корупцијата

December 11, 2024
1 min read

Апелациониот суд-Скопје попладнево се огласи по повод објавената црна листа и ставањето на нивниот судија Енвер Беџети на истата.

Од таму велат дека ги поддржуваат заложбите за борбата против корупцијата.

„Како единствен второстепен суд кој постапува по предмети од организиран криминал и корупција од висок профил во Република Северна Македонија, во целост ги поддржува заложбите за борба против корупцијата, која претставува закана за владеењето на правото и врши ерозија на капацитетите на судската власт и ги намалува демократските вредности.

Оттука, Седницата на судии на Апелациониот суд Скопје во целост се согласува дека бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата, во сите сегменти на државните власти, е од приоритетно значење и важност.

Судиите на Апелациониот суд Скопје со целосно изграден индивидуален интегритет и личен однос кон прашањето на корупција и судир на интереси, продолжуваат да градат отпорност кон политички и било какви други влијанија при правораздавањето, преку професионалност и транспарентност во работењето и почитување на принципите на националното и меѓународното право.

Независно, непристрасно, професионално и одговорно судство е важен столб на секоја држава, па оттука судиите на Апелациониот суд Скопје ја поддржуваат секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на презумпција на невиност“, вели Апелационен суд-Скопје.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕБИТО НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ САНДЕНС

Следно

Мицевски до Беџети: Откако Стејт департментот го стави Груби на црна листа, сега Груби вели дека ќе се жали, прашањето е знае ли каде ќе се жали?

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен комплексот „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“ во Прилеп и неговата поширока околина се темелно и целосно исчистени и подготвени да ги пречекаат прилепчани за претстојниот сончев викенд, информираат од ЈКП Комуналец – Прилеп. Од јавното

Комерцијална банка и Алкалоид ја водеа ликвидноста – неделата со 94,71 милиони денари промет

Блок-трансакција со Алкалоид од 23,94 милиони денари ја обележа неделата – најголеми падови кај Шпаркасе и ТТК Банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на
Go toTop