Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата

August 11, 2025
1 min read

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка.

-Дневното производство достигнува и над 350 000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, соопшти јавното претпријатие. 

Укажува дека „ваквата енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем“.

-Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, стои во апелот на скопски Водовод. 

Претпријатието ги повикува граѓаните на главниот град и доколку забележат какво било истекување на вода, да пријават на телефонскиот број 02 3073 010 или на  [email protected] и www.vodovod-skopje.com.mk  

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар кај Јесенице – затворен дел од Јадранската магистрала, куќите под закана

Следно

Рекорден број пријавени на стрип-конкурсот „Велес 2025“

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop