Антовиќ и Станков: Кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

March 21, 2025
1 min read

Денеска на прес конференција деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков информираа дека кај сите настрадани во пожарот во Кочани била констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Тие велат дека по настанот, за многу кусо време биле извршени 59-те обдукции на телата и идентификациите на починатите.

За ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од Судска медицина, имало и патолози, а вклучени биле и тимови од МВР.

Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, додека пак во однос на облеката и се што е најдено кај загинатите моментално е на Институтот за судска медицина.

Истите се во надлежност на Обвинителството и тоа ќе одлучи што ќе се случува со нив зашто може да бидат земени понатаму во некоја судска постапка.

Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, за еден час, сите вработени во Институтот пристигнале на своите работни места и бил направен план за соодветно дејствување. Се вршеле обдукции на по 15 лица, кои потоа му биле предавани на погребалното претпријатие.

„Целта беше брзо и квалитетно завршување на обдукциите кои почнаа вечерта, на 16 март, а завршија претпладнето на 18 март, како и точна, прецизна идентификација“, истакна Станков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Армиско возило учествуваше во сообраќајна незгода – тројца полесно повредени

Следно

Горниот дом на Германија одобри поголем фонд за одбраната и инфраструктурата

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop