Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, пренесува МКД.МК
И со безмалку две години на власт, владеачката партија и нејзиниот лидер и натаму има најголем рејтинг во споредба со другите партии.
Испитаниците одговараа на прашање во кој лидер на политичка партија имаат најголема доверба, и една четвртина одговориле дека имаат во Христијан Мицкоски со 25,2%. После него следуваат Али Ахмети со 5,6%, Апасиев со 4,2%, Меџити со 3,9, Филипче со 3,6%, Димитриевски со 3%.
ВМРО-ДПМНЕ е партијата за која испитаниците би гласале на следните избори, или за оваа партија одговориле 24% од испитаниците. Следуваат ВЛЕН со 5,1%, и СДСМ со 4,9%
52% од испитаниците одговориле дека сакаат Македонија да влезе во ЕУ со статус земја набљудувач, односно земја без право на вето. 34,3% одовориле со НЕ, и 13,7% со „не знам или немам став“.
На прашањето за тоа во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 отсто од испитаниците одговориле дека наоката е правилна, а 46,9 отсто од нив сметаат дека се движиме во погрешна насока.
Анкетирањето било спроведено од 2 до 18 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.
Извор: zurnal.mk


