Анкета: 80% од Германците се против смртоносната воена кампања на Израел во Газа

August 7, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Околу 80% од граѓаните на Германија ја отфрлаат смртоносната воена кампања на Израел во Појасот Газа, а 75% сметаат дека германската Влада треба да изврши поголем притисок врз Израел, вклучително и со воведување санкции, покажува анкетата објавена од германскиот магазин Фокус.

Дополнително, 40% од испитаниците сметаат дека Израел ги надминал границите во својата борба против Хамас.

Анкетата укажува и на тренд во однос на возраста – колку што се помлади Германците, толку е поголемо нивното противење на воените дејства на Израел во Газа.

Интересно е што анкетата покажува дека Германија има највисока стапка на одбивање на израелската офанзива од сите европски земји.

Последните месеци низ земјата се одржуваат масовни демонстрации, при што илјадници граѓани излегуваат на улиците за да го изразат својот протест поради, како што ги нарекуваат, израелските воени злосторства во Газа.

Соочувајќи се со зголемен јавен притисок, канцеларот Фридрих Мерц на 28 јули изјави дека неговата Влада размислува за зголемување на притисокот врз Израел поради влошената хуманитарна состојба во енклавата.

Германија традиционално се смета за силен поддржувач на Израел, со постојани изјави од политичките лидери дека земјата има историска одговорност кон Израел поради нацистичкото минато и холокаустот извршен врз Евреите за време на Втората светска војна.

Според последните податоци, од октомври 2023 година досега Израел уби повеќе од 60.000 луѓе во Појасот Газа. Блокадата на територијата предизвика сериозен недостиг на храна и случаи на смрт поради глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави

Следно

УС Опен го зголеми наградниот фонд

Latest from Blog

Општините ќе станат клучен партнер во планирањето на енергетските инвестиции

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план. Со

Коњановски најавува современа реконструкција на училиштето во Крклино

Во селото Крклино започнаат градежни активности на подрачното училиште при ОО „Александар Турунџев“ од Кукуречани. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука преку вториот владин повик, како

Еден од најмоќните луѓе во Иран, Али Лариџани, ликвидиран во напад

Али Лариџани, син на шиитски правник, во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции во Исламската Република Иран, најново како секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Лариџани беше

Со фалсификувани документи за „Мерцедес-Мајбах“, државниот буџет оштетен за 1,9 милиони денари

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението
Go toTop