Aнгеловска-Бежоска: Реформите се важен фактор за  привлекувањето странски инвестиции

February 3, 2025
1 min read

Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа во видеоинтервју за „Инвисо“ (организаторите на Форумот на Централна и Источна Европа, порано познати како „Еуромани“), истакнува дека најголемиот дел од странските директни инвестиции доаѓаат од ЕУ − околу две третини, вклучително и во банкарскиот систем. На овој начин, според неа, уште повеќе се зајакнува трговската и финансиската интеграција на нашата економија со европската. Речиси 80% од нашиот извоз оди во земјите на ЕУ. 

Според Гувернерката, добро е што и покрај кризите и пречките во процесот на пристапување кон ЕУ, странските  директни инвестиции во изминатиов период се солидни и забрзуваат надминувајќи го историскиот просек.

-Секако, имајќи ги предвид позитивните искуства на други земји од пристапувањето кон ЕУ, натамошното спроведување на реформите коишто ќе нѐ доближат до европската економија е приоритет којшто може позитивно да делува и на странските директни инвестиции. Според последниот извештај на Европската комисија, нашата земја се оценува како умерено подготвена, оцена којашто е една од повисоките во регионот на Западен Балкан, вели таа.  

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочува и дека изминативе неколку години Народната банка засилено работела на усогласување на домашната правна рамка во банкарската и платежната сфера со правото на Европската Унија, со што создала основа за започнување на процесот на интеграција на земјата во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), пред да пристапиме во ЕУ.

-Според анализа на Светската банка, за прекуграничното тргување со ЕУ, сега граѓаните во регионот на Западен Балкан плаќаат шестпати повеќе, додека фирмите десетпати повеќе, во однос на она што би го плаќале кога би биле дел од СЕПА. Ова ќе ја зголеми конкурентноста и ќе ги подобри врските со ЕУ, што е значајно за потенцијалот на економскиот раст и доходовната конвергенција кон ЕУ, истакнала гувернерката во интервјуто. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновски-Ортиз: Зајакнување на соработката со Шпанија преку билатерални средби на уставните судови

Следно

18 НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА ДЕЛЕГИРАН БУЏЕТ, ЌЕ ИМААТ ПОГОЛЕМА АВТОНОМИЈА, НО И ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop