Ангелов: Пожарите кај Крушје и Локвица се потешки за гаснење

July 13, 2025
1 min read

Од вкупно околу 15 активни пожари на отворено низ земјата, најсериозни остануваат три – во атарот на село Николиќ (општина Дојран), кај Крушје (во близина на Велес), и кај село Локвица (општина Македонски Брод). Најтешки за ставање под контрола, според надлежните, се токму пожарите кај Крушје и Локвица, кои избувнаа во текот на денешниот ден.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше попладнево дека на терен се ангажирани повеќе служби и ресурси, вклучувајќи ер-трактори, хеликоптери, локални и државни пожарникарски екипи, како и припадници на армијата.

„Пожарот во село Николиќ трае веќе повеќе од една недела. Утрово таму интервенираа екипи на Национални шуми, поддржани од пожарникари од Валандово, Гевгелија и доброволци од Дојран. Дополнително, ДЗС и Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со специјализирана механизација се вклучени во справувањето,“ изјави Ангелов.

Во гаснењето се користи ер-трактор од типот „амфибија“ со капацитет од три тони вода, кој црпи вода директно од Дојранското Езеро. Според Ангелов, ваквиот начин на работа овозможува висока прецизност и брза реакција.

„Од неодамна, дополнителна поддршка дава и голем армиски хеликоптер со ведро од три тона, што значително ја зголемува ефикасноста на интервенциите од воздух“, додаде директорот на ДЗС.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не придонесуваат за нови извори на пожар, имајќи ја предвид високата температура и ризикот од брзо ширење.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двојно убиство во Прилеп

Следно

Ангелов: Три критични пожари – авион и хеликоптер во акција над Николиќ, Крушје и Локвица

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop