Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

September 14, 2025
1 min read

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму.

-Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската противпожарна бригада која го изгасна огнот, од кој постоеше опасност да го зафати главниот дел од депонијата. Сега состојбата во „Дрисла“ е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано, рече Ангелов.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе има прес-конфернција во 11 часот во Медија-центарот на Владата заедно со министерот за здравство Азир Алиу и владината портпаролка Марија Митева.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Следно

Индикт – црковна нова година, почеток на Новото лето

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop