АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

November 5, 2025
4 mins read

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што го читаат упатството. Па така, еден Високо Образован Лик ми даде епитет „куче“, друг ме нарече „малоумен“, трет ми порача „да не се правам експерт за сè“… И така натака, нормални интелектуални разговори од луѓе кои се класичен пример на Данинг–Кругеров ефект кои немаат поим што е Данинг-Кругеров ефект, т.е. „немаат поим дека немаат поим што зборуваат“, пишува Методија Анѓелкоски за ПЛУСИНФО.

Но, имаше и културни луѓе, на кои сепак не им се допаднало моето мислење, што е нормално буквално за секоја колумна и секаде на светот, и кажаа: „34 години не сме мрднале, зар пак да гласаме за истите?“.  Конечно, има некаков аргумент и нема навреда. И затоа вреди да се дискутира и да се одговори.

Веќе сум 7 месеци колумнист, и тие што читаат знаат дека работам со факти. Без оглед кому и како му звучат фактите, тие се тоа – факти. И кога се брутални – фактите се факти. И кога не ви се допаѓаат, пак се факти… И ќе се мрднам од умот ако не го кажам гласно ова: „34 години не сме мрднале“ – може да е сè, освен факт.

Во 1991-2 година, годината по независноста, или пред 33-34 години, бев млад. Но доволно возрасен за да знам што значи зборот „самопослуга“. Денес младите кои се жалат на „34 години без прогрес“ ги нарекуваат – „маркет“. Во самопослуга, имаше празни рафтови со наполитанки „Јадро“ на крајот и по некоја „Карнекс“ паштета на подолните полици. Другото беше празно. Општо гледано повеќе продавачки отколку производи.

За бензин се чекаше по три саати. Се возеше „пар-непар“– во парни датуми, парни регистрации. Ако не најдеш бензин на бензинска, на црниот пазар, литар бензин 100 денари. А платата? Едвај 6.000. Ако ја имаше. Затоа што секој трет беше невработен. Цирка 30% немаа никаква плата. Ако сакаш да одиш на печалба – не можеш. За тоа ти треба виза. Каде и да сакаше да заработиш – бараа виза. А визи не се даваа лесно. По некое службениче кое имало среќа да се вработи во амбасада, ќе се дрзнеше да си побара мито за „виза преку ред“.

Леб се купуваше во лебарница, една на три илјади души. Ако не најдеш – одиш кај комбинатот кој е пред распаѓање, собираш полжави или крадеш зелени јаболка, затоа што си гладен. Инфлација? Над 500%. Чисто информативно, видовме лани како изгледа кога е 20%. Рестрикции на струја, рестрикции на вода – беа релативно нормална појава.

За нов фрижидер земавме кредит, зошто ти требаа 5-6 плати да го купиш. Просечниот животен век беше под 72 години. И не помалку важно, 6% од населението неписмено, што е подобро отколку да си писмен и да не си прочитал ништо.

Во училиште, немаше креда, немаше хартија, немаше парно. Носевме понекогаш „секој ученик по едно дрво“ за да се згрее просторијата. Но имавме надеж. Надеж дека младата држава нема вечно да биде таква!

И не, не беше заради „партиите“. Беше само затоа што сме Македонци кои – не смее да бидат Македонци. Може да се тенџерчиња, но не и Македонци. Ништо различно од денес во тој поглед. Но во поглед на квалитетот на живот – дозволете да кажам: има огромен напредок. ОГРОМЕН.

Денес

Во 2025 година, просечната плата е над 45.000 денари. Ќе речев неважно, затоа што може како апсолутна бројка да е безначајна, но бензинот го има во секое време и е поевтин од оној погоре споменат – „на црно“ – под 100 денари. Фрижидер се купува од една плата. Невработеноста е под 10%. Писменоста над 99%. Животниот век над 76 години. Во секое семејство има барем еден автомобил, често и два. Во секој дом – телевизор со рамен екран, клима, фрижидер, машина за перење, па и за садови. Миленичиња се шетаат по паркови, а кафулињата се полни дури и во вторник попладне. Се оди на одмор – не само во Охрид, Дојран или Крани, туку и во Турција, Италија или Азурниот брег. Се оди на скијање, што беше непознат поим освен во зимската олимпијада. Се слават родендени во ресторани, се купуваат подароци, се носат деца на спорт и јазици. Се студира во странство. Има избор. Има можност. Има достоинство. Имаме многу работи за кои не може да се рече дека „не сме мрднале 34 години“, освен ако изнесеното е со политичка цел.

И да, имаме проблеми. Имаме корупција, имаме и партиски паразити од сите партии, го кажувам ова како партиски член. Имаме и разочарувања. Имаме и судии и обвинители кои се вечни, недопирливи – и катастрофални. Меѓу ретките сме кои ставија претседател на уставен суд – жена која ја учат на светски универзитети како пример – како да не се суди! Имаме и назадувања – на пример во образованието и воспитувањето – што резултира со снобизам, самобендисаност, непочитување и ароганција, и индиректно резултира со неизлегување на гласање зошто „никој не е достоен за нивните знаења и умешност“.

Но, да ми кажеш „не сме мрднале“ – тоа е лага, или најмалку манипулација. Тоа е навреда за секој што преживеал низ деведесеттите. За секој што собирал полжави или шумски чај. И најважно, иако „партиите што велиш дека се Курто и Мурто“ имаат значајна улога и во развојот и во стагнацијата на земјата, сепак, може да се каже без трошка лага: овој побавен развој од околината не е само заради нив. Причината е иста како пред 34 години – затоа што сме тоа што не смее да постои – Македонци. Не само надворешно, туку и внатрешно: навикнати сме да посегнуваме по себе. Навикнати сме на самоуништување.

Така мој пријателе, на кој му ја ветив оваа колумна – провери ги своите тези. Гледаш само партиски памфлети и коментари на Фејсбук. Од некој што се претставува како анти-естаблишмент, работи за плата од две илјади евра и црпи 1.1 милиони евра секој јануари заради лош закон за финансирање на политичките партии.

Македонија е повеќе од таа површна флоскула. Македонија е народ што преживеал, што се адаптирал, што паѓал и се подигал. И што ќе се дигне пак. Без оглед какви белосветски мешетари, домашни кодоши и наивни „прогресивци“ сè уште тераат во насока – да нè нема.

34 години не сме мрднале? Како да не…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Следно

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop