Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е фокусирано на институционална изградба на системот за сајбер безбедност

September 13, 2024
2 mins read

За жал, како држава веќе подолго време бевме мета на сајбер напади коишто граѓаните делумно ги почувствуваа. Тоа се заканите за бомби кои доаѓаа на хибриден начин кон основните и средните училишта, па потоа и во трговските центри, а сличен вид на напади се случуваа и во државни институции. Затоа, како Влада, со формирањето на Министерство за дигитална трансформација многу сериозно и посветено се фокусиравме на институционална изградба на структури коишто ќе превенираат, кои ќе информираат за потенцијални сајбер-закани, а потоа и во случај на сајбер-напад ќе можат и да реагираат, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на интервјуто за “Гласот на Америка на македонски”.

Министерот појасни дека се фокусираат на изградба на структури кои ќе превенираат и информираат за потенцијални сајбер-закани, а во случај на сајбер-напад тие да можат да реагираат. Станува збор за Центри за одговор на компјутерски инциденти, за кои, Андоновски очекува да функционираат во 2025 година.

„Сметаме дека треба да постојат два типа на вакви центри во државата коишто меѓусебно ќе бидат поддржани. Едниот би бил одговорен кон јавноста, невладиниот сектор, приватните институции, кон сите заинтересирани и кон граѓаните, а вториот би бил владин центар за одговор за сајбер-напади кој што ќе ја превенира целокупната владина мрежа на државните институции и ќе ги следи состојбите“, рече Андоновски.

Понатаму, Андоновски појасни дека многу е важна заштитата на податоците на граѓаните и се додека нема вистинска заштита на опремата, хардверот, но и на софтверот, не може да се зборува за сајбер-безбедност од највисок вид.

“Знаете, има институции коишто се движат во насока на тоа ‘сè ќе чуваме на хартија, па така ќе бидат безбедни граѓаните’, но што се случува кога имаме пожари, знаеме колку пати ни се случи да изгорат институции во градот Скопје коишто чуваат податоци на граѓаните, поплави, несоодветно чување на архивскиот материјал. Решението не е во хартијата, решението е во вистинска сајбер заштита на електронските системи кои ги имаме и нивно поврзување со дополнителни заштитни сервери кои би служеле како резерва за заштита на податоците на граѓаните.” изјави министерот Андоновски.

На прашањето дали страницата на министерството која е во изработка, но и страниците на другите институции би биле безбедни од сајбер напади, министерот одговори дека тоа е нешто со што се зафатиле од првиот ден на неговиот мандат.

“Ќе предложам информација во владата да изработиме заеднички веб-страници на владините институции што значи да бидат заштитени преку еден систем, да бидат позиционирани на едно место и на тој начин да можеме да ги заштитуваме сите владини веб страници. Моментално секоја институција креира своја веб страница, така било досега, тие меѓусебно тешко се поврзуваат и заштитата се одвива многу тешко затoa што ако на една институција и заврши лиценцата или не може да ја продолжи таа лиценца останува без заштита, а со самото тоа што таа веб-страница е поврзана со некои други веб-страници на владата – еден напад на една институција би значел напад на сите владини институции коишто се меѓусебно поврзани.”, заклучи министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Тајмс“: САД нема да и дозволат на Украина да ги користи балистичките ракети АТАКМС во Русија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски дал нелегално половина милион евра субвенции на Арекспорт која не почитувала договор

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop