Андоновски: Бујар Османи не ги штити македонските национални интереси, тој ги штити само своите маркетиншки интереси

January 26, 2023
2 mins read

„Морам да го кажам моето лично мислење затоа што информациите кои што ги имам и кои што допираат до мене ми се чини дека станува збор за еден изолиран инцидент кој успеа заради неспособност, но многу повеќе заради понизност да влезе во еден поширок меѓудржавен наратив. Зошто изолиран инцидент? Затоа што се работи за едно младо лице за кое што имаше односно проструија информации дека има лични и друг вид на проблеми и недоразбирања со луѓето кои што го нападнале. Веднаш да кажам дека јас на ниеден начин не одобрувам насилство во било кој облик, дали било лично, дали било поттикнато од некаков етнички призвук, дали имале некои недоразбирања во врска со должничко доверителско односи. Насилство не е решение на ниту еден проблем. Но, се случило насилство и е инцидент во Охрид. Но, мислам заради понизноста на Владата, особено на Бујар Османи тој влета во наративот кој што бугарските високи политичари го креираат, а особено го заострија знаејќи дека влегуваат во избори во април оваа година“, истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Андоновски додаде дека Османи требаше да сочека да се увиди која е вистината, а потоа врз основа на таа вистина која што ќе ја утврди Обвинителството и Судот да реагира. Но, Бујар Османи во оваа ситуација сакаше да изигрува и полицаец, и обвинител, и судија, и веднаш отиде во Софија.

„Османи правдајќи се во Софија, веднаш рече дека се работи за етнички инцидент, веднаш го квалификува како меѓуетнички проблем и дека тој потекнувал од население кое што претходно имало такви проблеми, самото тоа население и заради тоа во целосна заштита застанува на жртвата. Јас не велам дека жртвата не треба да има заштита, но ајде да ја дознаеме целата вистина па да си го заштитиме системот“, рече Андоновски.

Тој посочи дека во ситуација кога целиот систем постапил за да ја расчисти ситуацијата и да не се верува на тој систем и да се влета во ситуацијата како некој спасител единствено служи на личниот ПР интерес на Бујар Османи.

„Јас често кажувам дека Бујар Османи како агенда ги нема македонските национални интереси. И луѓето секогаш тука ставаат запирка, и велат аха сигурно тогаш албанските ги штити. Не, Бујар Османи единствено ги штити своите лични маркетиншки интереси. Станува збор за неговиот профил, за неговиот лик, дека секогаш тој треба да биде во преден план и да се фотографира. Тоа му е намерата. Никогаш не му е ниедна поголема од таа, од личната“, нагласи тој.

Андоновски укажа дека го плаши наративот кој што се создава во Бугарија.

„Доблесна Влада целата би требало да си даде оставка. Не само министерот за надворешни работи. Ние забораваме што значи лична и политичка одговорност. Затоа што имате влади во исто толку развиени држави како нашата кои што велат луѓе јас не можам вака да владеам, извинете мој гаф, моја грешка, еве ја власта назад. Во овој случај имате т.н. европска влада која што не знае што се попрво да направи од притисоци, уцени, закани само да остане ден подолго на тоа столче“, вели Андоновски.

Тој дури се осврна и на претседателот Пендаровски и неговите одлуки. Андоновски  рече дека Пендаровски наместо да делува како претседател на држава, тој делува како независен аналитичар.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинците ја прекинуваат безбедносната соработка со Израел

Следно

Амбасада на САД: Коментарите на Џамбаски беа неодговорни и опасни, безусловно ги осудуваме сите закани со насилство

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop