Андоновска за КУРИР открива: Што содржат 10-те тони МНОГУ ОПАСЕН хемиски отпад и како е спречена хаварија во Македонија?

March 13, 2026
2 mins read

Во рамки на Институтот за јавно здравје повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста.

Во интервју за КУРИР, директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, открива што содржел овој опасен отпад и какви се страшни последици можело да има од него.

-Изминатиов период во Институтот за јавно здравје имавме акција со која што отстранивме повеќе од десет тони на опасен хемиски отпад, кој што непрописно се чувал и се складирал во рамките на Институтот. И навистина можеше да се случи хаварија доколку не пристапивме со отстранување на истиот. При самото доаѓање во ИЈЗ, наследивме повеќе проблеми, повеќе недостатоци во работењето и моравме да направиме селекција, што од тоа треба да ни биде приоритет, што е тоа кое ние треба навремено да го решиме, санираме или отстраниме. Во однос на хемискиот отпад, ИЈЗ има повеќе дејности, една од тие дејности е дека се прават лабораториски, хемиски анализи и продуктот од тие анализи е ваков хемиски отпад. Овој хемиски отпад содржи многу штетни и опасни хемиски материи, растворувачи, бази, тешки метали, пестициди. И сите овие опасни хемиски соединенија можат многу штетно да влијаат на безбедноста, на здравјето на луѓето, како и на животната средина од причина што истите можат да направат иритација на очите, иритација на кожата, можат да ги оштетат респираторните органи, можат да предизвикаат проблеми со дишење, да оштетат други органи, можат да направат трајно последици, дури и да го оштетат нервниот систем. Од друга страна, можат да ја загадат почвата, воздухот и водата, рече директорката.

Андоновска посочи дека станува збор за соединенија кои што се лесно испарливи и лесно запаливи. Тоа значи дека освен што можеле да предизвикаат проблем со испарувањето, можеле да се запалат и да направат голема хаварија.

-Освен што со нивното испарување и вдишување можеле да предизвикаат здравствени проблеми, можело да настане голема хаварија – експлозија, пожар и слично. Ако го земеме предвид фактот дека истите непрописно се чувале во некакви нестандардни услови и простории кои што се наоѓаат во центарот на Клиничкиот центар, помеѓу средно училиште и Деканат на медицински факултет, помеѓу клиники каде има голема фреквенција на луѓе, замислете што можело да се случи доколку се зголемат температурите бидејќи веќе не ни имало простор каде да се става овој хемиски отпад. Има и оштетување на просторијата каде се чувал отпадот, така што постоела голема опасност при зголемување на температурите да настане некоја експлозија или испарување на овие материи, рече Андоновска во интервју за КУРИР.

Директорката им се заблагодари на сите кои биле вклучени во оваа акција која била тешка за спроведување, но за нив безбедноста на граѓаните и животната средина била приоритет.

-Не само што успеавме да го отстраниме отпадот туку воспоставивме и систем, да не дојдеме во ваква ситуација. Систем кој ќе може да придонесе да ги чуваме во соодветни услови и истите соодветно, безбедно и навремено да бидат отстранети од Институтот, но и од државата. Овој отпад, земјата не располага со ресурси и услови истиот да биде уништен во Македонија туку ќе биде изнесен надвор од нашите граници и таму ќе биде уништен, рече Андоновска.

Целото интервју со директорката за КУРИР погледнете го во видеото во продолжение

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“

Следно

САД: Ги бараме овие 10 луѓе и за нив нудиме 10 милиони долари

Latest from Blog

САД: Ги бараме овие 10 луѓе и за нив нудиме 10 милиони долари

Понудата беше објавена преку програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот, во време на американско-израелска воена кампања против Иран, по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери. Барани информации

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“. Општина Тетово ги известува граѓаните дека поради изведување

Познати се новите правила кои ФИФА ги воведува за Мундијалот

ФОТО: FIFA.COM Светската кровна фудбалска организација, ФИФА донесе неколку нови правила кои што се базираат врз брзината, правичноста и правилното функционирање на фудбалската игра. Истите ќе бидат имлементирани на следниот Мундијал кој

Коњановски: Нови спортски терени за учениците во Горно Оризари

Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот, изврши увид во градежните работи на започнатата реконструкција на спортските терени во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“
Go toTop