Анчелоти помина два ипол часа на суд

April 2, 2025
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти присуствуваше на почетокот на судењето за даночно затајување во Шпанија.

Еден од најдобрите тренери на сите времиња е обвинет од шпанските обвинители дека ја измамил државата за милион евра во 2014 и 2015 година. Тој помина два и пол часа во судница во Мадрид, пред да им каже на новинарите „се е во ред“ и да влезе во својот автомобил. Тој беше облечен во еден од неговите темносини костуми, кои ги носи на натпреварите.

Државното обвинителство бара затворска казна до четири години и девет месеци по две точки од обвинението за даночна измама. Тие го обвинија 65-годишниот тренер минатиот март дека користел лажни компании за да ја прикрие неговата вистинска заработка.

Анчелоти ги негираше сите обвинувања. Италијанецот е најуспешен тренер со пет трофеи во Лигата на шампионите, три со Реал Мадрид и два со Милан и е единствениот тренер кој има освоено титули во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.

Тој го водеше Реал од 2013 до 2015 година, а вториот мандат започнува во 2021 година. Тој рече дека е невин, откако првпат беше обвинет минатата година, тврдејќи дека не бил фискален жител на Шпанија во дел од тој период, тврдење со кое обвинителите не се согласуваат.

-Јас веќе ја платив казната, парите се кај нив, а сега адвокатите разговараат за да најдат решение. Да видиме што ќе каже судијата, изјави Анчелоти во март 2024 година. Тој е еден од бројните познати личности од светот на фудбалот на кои им се суди за неплатени даноци, а никој од нив не завршил во затвор.

Судијата во Шпанија може да ја суспендира казната од две години за оние кои првпат прекршуваат.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо е осуден на условна казна од една година откако се изјасни за виновен за затајување данок во 2019 година. Исто така, големите ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо беа прогласени за виновни за затајување данок. Португалецот мораше да плати казна од речиси 19 милиони евра и беше осуден на две години условно, додека Меси и неговиот татко проневериле 4,1 милиони евра, а исто така избегнаа затворски казни со плаќање на големи парични казни. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: „Војната на Израел против Газа им пркоси на пристојноста, човечноста и законот“

Следно

Реакција на ДУИ за најавената средба Мицкоски-Филипче 

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop