Анчелоти: Го шутираат, навредуваат…

March 9, 2024
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш застана во одбрана на Винисиус Жуниор кој често се наоѓа во фокусот на вниманието не само поради своите изданија туку и своето однесување на теренот, потези со кои ги иритира противниците и навивачите.

Бразилецот ја покажа својата проблематична страна на средбата со РБ Лајпциг каде можеше лесно да заработи црвен картон во ситуација во која ќе му нанесеше штета на својот тим за што заработи сериозни критики од легендата на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ.

Меѓутоа Карло не гледа никаков проблем во напаѓачот, па дури и го прогласи Винисиус за најпрогонуван играч во историјата.

-Погледнав малку наназад, во историјата, во статистиката, и никогаш не сум видел играч кој бил прогонуван како Винисиус. Го шутираат, го исвиркуваат, го навредуваат. И тогаш треба да разговарам со него за неговиот став? Не! Секој треба да го смени својот став во однос на Винисиус.Во мојата лична историја, играч со голем талент никогаш не претрпел работи како Винисиус. Во Валаекас [против Рајо Ваљекано] доби карате удар во глава, а немаше ниту жолт картон. Сега сите бараат црвен картон за туркањето на играчот против Лајпциг, -истакна Анчелоти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ го промовираше Османи како кандидат за претседател

Следно

Пијан радовишанец нападнал полицајци на сред полициска станица

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop