АНБ и Управата за извршување на санкции потпишаа Меморандум за соработка

October 2, 2025
1 min read

Соработката во доменот на размена на податоци и информации е дел од Меморандумот што денеска го потпишавме заедно со директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, напиша на Фејсбук директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Меморандумот поставува темели за посилна координација и заедничко делување во заштитата на националната безбедност, создавајќи рамка за поинтензивна институционална соработка во согласност со законските надлежности. Покрај размената на податоци и информации, предвидени се и активности кои опфаќаат дефинирање на заеднички приоритети во борбата против тероризмот, спречување на насилен екстремизам и радикализација во казнено-поправните установи, како и размена на искуства, специјализирани обуки и подготовка на заеднички стратешки документи, истакна Христовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Што ќе му донесе полната Месечина на вашиот хороскопски знак?

Latest from Blog

Министерството за јавна адмиистрација организира настан „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“

Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“. Настанот е во

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop