АНАЛИЗА: Зошто е Вашингтон ,,поблиску‘‘ од Брисел?

March 2, 2025
3 mins read

Тектонски поместувања во глобалната политика донесе првиот месец од претседателствувањето на Доналд Трамп и неговата администрација со САД. И по обичај, Брисел и европските престолнини неподготвени, некоординирани и разединети ги дочекаа тие промени. Оваа анализа нема намера да се занимава со нивните проблеми, туку со ,,поволниот ветер‘‘ што го фати македонската влада, или ,,први во заземањето на теренот‘‘, како што вели премиерот Мицкоски, алудирајќи на блискоста со администрацијата на Трамп и одобрување на нејзините потези.

Оттаму, зошто и како може да ни биде поблиску Вашингтон, отколку Брисел, кон кој стратешки целиме?

Неодлучноста на ЕУ- политиката, непринципиелните коалиции и барања од нејзините членки, кои се граничат со небулози и траат со децении придонесуваат не само земјите кандидати, туку и дел од земјите членки да го преиспитаат своето членство во Унијата (Брегзит, повлекувањето на кандидатурата од страна на Исланд во 2015-та, иницијативи за излегување од ЕУ кај повеќе членки, итн)

За само неколку дена видовме две лица на водечката членка на Унијата, Франција околу американската иницијатива за крај на војната во Украина. Претседателот Макрон прво се сретна со дел од ЕУ лидерите, па потоа ги собра  сите со желба да покаже европско единство, за на крај, по средбата со претседателот Трамп се согласи дека Европа мора да преземе дел од трошоците и од товарот на мировниот договор во Украина и да учествува во безбедносните гаранции за мирот, кој може да стапи на сила за неколку недели.  Тоа е една од разликите помеѓу САД и ЕУ, преземање акција и ризик или што би рекол Трамп ,,deal oriented‘‘ политика, која ја практикува.

Оттаму, фразата ,,проширувањето на ЕУ е приоритет и стратешка определба‘‘ веќе не поминува. Германија, најмоќната во ЕУ, со нова влада со сите потешкотии и ,,дишење во врат‘‘ од страна на забрефтаната од изборниот успех крајната десница (АФД) ниту има, ниту ќе има желба ЕУ да се проширува по секоја цена, а уште помалку да се занимава со посредување помеѓу Македонија иа Бугарија или промена на ирационалното бугарско барање за смена на македонскиот устав.

Франција, ко-лидерот на Унијата е веќе ,,прочитана книга‘‘. Претседателот Макрон кој дури и со видео порака побара македонските граѓани да го прифатат договорот бидејќи ,,Спогодбата од Преспа“ од 17 јуни 2018 година, овозможува напредок и подготовка на иднината‘‘, следната година наместо почеток на преговорите за членство во Унијата ни врати со вето со непримерно образложение, потреба од рефома на преговарачкиот процес. Откако Париз го подигна ветово, координирано го спушти Софија се до постигнувањето на тн. француски предлог, кој и ден денес не остави заборавени во чекалната. Така што секоја најава од ЕУ дека проширувањето е приоритет, е само и само фраза без тежина на трамповата ,,deal oriented‘‘.

Новото нормално што ќе го запоседне светот, очигледно ЕУ е трома и неединствена да го препознае.

А, како изгледа американскиот пристап. Класичен пример е интеграцијата во НАТО. Откако признавањето на уставното име од страна на Вашингтон не ја отстрани грчката блокада за членство во Алијансата, САД силно го поддржаа и застанаа зад Преспанскиот договор, со ветување за инстант членство во НАТО. И тоа го остварија, токму во првиот мандат на Трамп. Тоа е таа разлика помеѓу ЕУ и НАТО. Лоцирање на проблемот – решавање на проблемот – остварување на целта (ветувањето), како што прави САД, наспроти лоцирање на проблемот – решавање на проблемот – неостварување на целта (ветувањето).

Едно да биде јасно. И Вашингтон не е семоќен. Доколу Бугарија не го повлече ветото, или Унијата не го прифати македонскиот компромис, САД можеби можат, можеби и не некого да ,,испратат на кафе‘‘, па макар и телефонски. Сите досегашни чекори велат дека расте и ќе расте бројката на земји поддржувачи на ефикасната политика. Што би можело во спротивно да се случи со проширувањето? Веројатно ништо драматично! Ако ја погледнете мапата на ЕУ ќе видите ,,еден остров‘‘ од земји кандидати, во срцето на ЕУ, опкружен со Шенген бариери и држави членки, остров кој сакал или не ќе влезе во ЕУ, токму поради Европјаните, нивниот интерес и на крај заедничката идеја за обединета Европа. Тогаш, ниту Софија, ниту кој било друг од опашката на ЕУ ќе смее да се спротивстави, ниту на Брисел ниту на Вашингтон.

ПС

Македонското гласањето ,,ВОЗДРЖАНО‘‘ за резолуциите во ООН за војната во Украина, воопшто не е ниту случајно, ниту некоординирано. На пример, барајќи страна Србија гласаше ,,ЗА‘‘, па претседател Вучиќ мораше да се извинува – грешката била негова, оти бил многу уморен, па не се координирал да гласаат ,,ВОЗДРЖАНО‘‘. И, да. Ако ЕУ сака да не внесе во европскиот клуб, може да гласаме и во корист на Северна Кореја. Никому нема да му биде гајле!

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Словенија изразува загриженост за судбината на цивилите на Западниот Брег и Газа

Следно

Иле Михајловски од Свети Николе е на листата на 50 најдобри наставници во светот

Latest from Blog

Речиси 56.000 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 55.998 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу. Министерството

Софија сè уште без одговор: ќе се сретнат ли Сиљановска и Желјазков пред самитот на НАТО во Хаг?

Утрото ќе го означи почетокот на дводневниот самит на НАТО во Хаг, каде што лидерите на Алијансата – меѓу нив и американскиот претседател Доналд Трамп – ќе расправаат за зголемување на трошоците

Израел напаѓа позиции на Иранската револуционерна гарда во Техеран

Израелската војска ги напаѓа позициите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Техеран, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Ефие Дефрин. Според него, израелската војска го таргетира седиштето на ИРГЦ. Воздухопловните сили ги нападнаа

Топлотен бран

Вообичаено топло време за овој период од годината. Граѓаните со различни пристапи кон разладување и заштита ос сончевите зраци. Помладите велат дека топлото време не им смета и дека времето го користат
Go toTop