Анализа на училишни објекти во случај на земјотрес – основното училиште Лирија има потреба од интервенција

January 7, 2025
1 min read

Општина Тетово даде наредба за анализирање на сите училишни објекти. Училиштето Лирија, врз основа  на општинска комисија е меѓу најзагрозените објекти во случај на земјотрес. После тоа и Институтот за сеизмологија направил анализа на стабилноста на училишната зграда, но резултатите од истата се уште не стигнале. Според раководителот на Секторот за образование во општина Тетово, Назми Даути, општината ќе гради нов објект на оваа локација бидејќи овој објект е еден од најстарите објекти во регионот на Тетово.

„Направена е анализа на објектите во рамките на училиштата во Тетово, поточно во училиштето Лирија, според првичните информации, бидејќи извештајот за сеизмологија и земјотреси се уште не е пристигнат, констатирано е дека на сегашниот објект  треба да се интервенира да се зајакне или да се изгради сосема нов објект. По оваа информација, општина Тетово планира изградба на нов објект, бидејќи знаеме дека училишниот објект Лирија лоциран во центарот на Тетово е еден од најстарите објекти во рамки на училиштата на нашата општина“, вели Назми Даути.

Но, од секторот за урбанизам велат дека објектот е безбеден и интервенирано е онаму каде што е потребно.

„Функционирањето на објектот е дозволено, но предлозите на комисијата се што поскоро да се направи реконструкција на објектите, а направивме и реконструкции на објектот, а интервениравме и на некои делови од објектот кои што тие моментално се ризични“, вели Рилинд Селмани.

По земјотресот во Турција, општина Тетово формираше комисија за разгледување на состојбата со јавните објекти во општината.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставници на Соборниот храм на верниците им посакаа здравје, мир и единствo

Следно

Ден на важни инвестиции во Штип: Премиерот ќе присуствува на три настани

Latest from Blog

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија
Go toTop