Анализа: Груби им се „удри“ од глава на ДУИ, Филипче на СДСМ

December 21, 2024
2 mins read

Најновата анкета на МКД.МК изведена од Маркет вижн за многумина донесе неочекувани бројки и фрапантни разлики. Мицкоски го „води“ Филипче со огромни седум ипол наспрема еден, а ДУИ сефте се најде зад ВРЕДИ.  Факт е дека никој не се изненади што Филипче е зад Мицкоски, но не и околу огромната разлика меѓу нив, историски невидена меѓу лидер на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од друга страна, можеби само за Ахмети е изненадување што ДУИ е во слободен пад и првпат  „весла“ зад ВРЕДИ. Но кои се причините кои доведоа до ова расуло на двете, до вчера, владејачки партии?

Да, сите знаеа дека Венко Филиче е рејтиншки зад Христијан Мицкоски, но разликата меѓу нив е огромна. Нејсе што меѓу нив е Ахмети како втор по доверба, што е нов преседан во македонската политичка историја. Сепак, разликата од СЕДУМ ИПОЛ наспрема ЕДЕН меѓу Мицкоски и Филипче, фрапираше многумина. 27,2% доверба наспрема мизерни 3,6% кои Венко ги дели со Максим Димитриевски. И тој со партија стара една година.

Присуствуваме на уште еден преседан на македонската политичка сцена. Половина година по владеење, рејтинг на премиер да расте, а на опзициски лидер да паѓа, во бунар.

Но кои се прилчините за оваа очебијна пасокизација на СДСМ кон која партијата од Бихаќка ита во „петта брзина“? Најпрво, добро се сеќаваме дека познавачите на големо преупредуваа дека евентуалниот избор на Филипче за претседател на СДСМ е „џек-пот“ за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Старт и наводна „катарза“ со лидер кои стартува со десетина црни афери зад себе, и не е најдобриот рецепт за успех и услов за добар почеток. Почнувајќи од бизнисот со корона-вакцините, преку „вожњите“ со Заев додека умираа луѓе и немањето трунка морална одговорност за хаваријата со Модуларните болници во Тетово е само дел од минатиот труд на Филипче. Ако ги додадете Онкологија, децата што ги лечевме со „стотче“ и другите скандали, повеќе од јасно е дека некој ја утна од самиот старт. Она, кога првпат палите нов автомобил на буткање/гурање.

Новиот лидер во комбинација со катастрофалниот пи-ар и учинок на некогаш „државотворната“ партија, која освен сеирџиските прес-конференции на Кузеска нема никакви активности на терен, заедно со најновата улога на претходниккот на Филипче, Димитар Ковачевски во аферата со Груби и Лотарија на Македонија, си го прават своето. Резултатот е рејтинг 3,6% на Филипче и 3,9% на СДСМ, бројка која од  нив направи 4-та по ред партија во Македонија. Нов преседан. Освен ВМРО-ДПМНЕ, „каскаат“ и зад ДУИ и ВРЕДИ.

ВРЕДИ, пак, коалиција стара една година за првпат има подобар рејтинг од 22-годишната ДУИ и е втора партија во Македонија. Минорна разлика, но сефте си е сефте, а сите знаеме кон што ќе прогресира. И кон кого. Уште поважно, „дестабилизаторот“ Ахмети веќе не може да се повикува дека се најголема албанска партија.

Она што секој граѓанин во Македонија го претпоставуваше, испадна вистина. Груби им се „удри“ од глава на ДУИ, со сета „големина“ на неговиот чалам и ароганција, зачинета со криминал и корупција. Како, вооопшто, некој мисли во Македонија, во Косово или дури и во Албанија, да просперира албанска партија чиј потенцијален лидер и заменик на Командантот (тоа беше Груби за Ахмети) се најде на Црна листа на САД?

Лик за кој амбасадорката Агелер излави дена не само што не е изненадена што Артан се најде на Црна листа, туку дека е и задоволна од тоа? Имајќи го предвид „воршипот“ на Албанците кон САД, ова беше шлаканица со нуклеарна димензија во себе, поколосална, здравје. Сето ова пропратено со криминалот кој се одвиваше пред очите на граѓаните (Албанците не мижеа на криминалот на ДУИ) си носи свои последици. Свој придонес си има и внучето на Ахмети со 20-те милиони за Соравија, како и останата банда која минатите години беше знак за препознавање на истите.

Фразата од насловот „Груби и Филипче им се удрија од глава на ДУИ и СДСМ“, во превод е –КРИМИНАЛОТ им се удри од глава на ДУИ и СДСМ.

Од друга страна, кога од друга страна ќе го ставите стартот на најавената бескомпромисна борба со криминалот на Владата на Мицкоски, предводена од министерот Тошковски и „главите“ од политичко-криминалното милје кои минатите две-три недели „паднаа“, резултатите на анкетата на МКД.МК се се’, само не изненадувачки.

 

Љупчо Цветановски

 

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на жалост во Хрватска

Следно

Не пијте веднаш од водата од чешма – ИЈЗ со препораки до скопјани

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop