Американскиот претставнички дом го отфрли посебниот нацрт-закон за помош на Израел

February 7, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го отфрли нацрт-законот предложен од републиканците, а кој вклучува пакет од 17,6 милијарди долари воена помош за Израел, изоставувајќи ја дополнителната помош за Украина, пренесува Анадолу.

На гласањето, нацрт-законот го подржаа 250 пратеници, а против беа 180, од кои 166 демократи и 14 републиканци. За усвојување на законот беше потребно двотретинско мнозинство во овој дом.

Поголемиот број од оние што гласаа против законот како причина ја наведоа континуираната офанзива на Израел во Појасот Газа, повикувајќи на посилна заштита на човековите права во регионот.

Републиканецот Мајк Џонсон, претседавач со американскиот Претставнички дом, во неделата рече дека законот „е многу полош од очекуваното“.

Претходно и американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе вложи вето доколку овој закон се усвои без ставка за помош на Украина.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 27.585 Палестинци, главно жени и деца, а ранети се повеќе од 66.978 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Според податоците на Обединетите нации, 85 % од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60 % од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат Израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Грчките земјоделци започнуваат со симболични блокади на патиштата и автопатите

Следно

Шефот на Агенцијата за атомска енергија ќе ја посети нуклеарната централа Запорожје

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop