Американскиот државен секретар Блинкен: Газа треба да биде управувана од страна на Палестинците

November 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека „за успешен мировен процес новата влада што ќе биде формирана во Газа треба да биде управувана од Палестинците“, пренесува Анадолу.

„Вол стрит журнал“ објави дека Блинкен имал обраќање на прес-конференцијата во Токио, каде што се одржа Самитот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Групата седум (Г-7), чиј домаќин беше Јапонија.

Блинкен нагласи дека обезбедувањето на условите за мировниот процес е единствениот пат за траен прекин на војната во Газа.

Според него, министрите за надворешни работи на земјите членки на Г-7 се согласни дека не треба да се намали територијата на Газа.

Шефот на американската дипломатија истакна дека Палестинците не треба да бидат присилени да мигрираат од Газа.

Блинкен нагласи дека клучно за обезбедувањето успешен мировен процес е новата влада што ќе се формира во Газа да биде управувана од страна на Палестинците.

Тој истакна дека Газа не треба да биде окупирана, не треба да биде блокирана, ниту пак да се намали нејзината територија.

Блинкен рече дека за траен мир потребно е барањата на палестинскиот народ да се вклучени во административниот центар кој би се формирал во Газа по конфликтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовески: Обвинителите и судиите се должни да го применуваат законот, иако не се согласуваат со некои закони

Следно

Одложена 40. седница на Уставниот суд

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop