Американскиот државен секретар Блинкен денес пристигнува во Израел на разговори со Нетанјаху

August 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес треба да пристигне во Израел за да разговара за договорот за прекин на огнот во Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Израелската јавна радиодифузна корпорација соопшти дека очекуваната посета на Блинкен е деветта по ред откако Израел ја започна својата смртоносна војна против Газа на 7 октомври 2023 година.

За време на неговата посета, Блинкен се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други високи претставници за да разговара за преговорите за прекин на огнот и за пошироките регионални проблеми, се додава.

Посредниците во преговорите вчера објавија дека дводневните преговори во Доха се завршени, при што на Хамас и Израел им бил претставен нов предлог за намалување на јазот меѓу нив.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од 7 октомври минатата година.

Во израелската офанзива оттогаш загинаа речиси 40.100 луѓе, главно жени и деца, а повредени се над 92.500, според локалните здравствени власти.

Повеќе од 10 месеци од почетокот на израелскиот напад, огромни делови од Газа се во урнатини, каде постои блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ФРАНЦУСКАТА ФИЛМСКА ИКОНА АЛЕН ДЕЛОН

Следно

Панорамско тркало се запали на музички фестивал во Германија, повредени околу 30 лица

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop